Нострадамус предвидел дека принцот Хари ќе биде крал по Чарлс, а не Вилијам

By

Најпознатиот пророк во историјата на човештвото, Нострадамус, предвидел дека принцот Хари ќе биде крал по Чарлс, а не неговиот постар брат Вилијам. Чарлс Трети стана крал по смртта на кралицата Елизабета Втора, која почина на 8 септември на возраст од 96 години.

dobivaj vesti na viber

Нострадамус ја предвидел и нејзината смрт, а пророштвото го напишал во книга која денес се распродава многу брзо. Во 1555 година ја објавил збирката песни Les Propheties, кои засега тешко можат да се толкуваат.

Поддржувачите велат дека Нострадамус во нив ги забележал катастрофалните настани од типот на светските војни и терористичките напади на Кулите близначки во САД на 11 септември.

Во една од книгите на авторот Марио Ридинг од 2005 година со наслов „Нострадамус: Целосните пророштва за иднината“, се забележани точните години на кои кралицата ќе умре.

Експертот за Нострадамус го пренесува, односно го толкува неговото пророштво: „Кралицата Елизабета Втора ќе почине околу 2022 година на возраст од 96 години“. По смртта на кралицата, продажбата на книгата на Ридинг е зголемена  повеќекратно.

Британски „Сандеј тајмс“ пренесе дека од 17 септември се продадени 8.000 примероци, споредено со само петте пред овој датум. Во неа е наведена и судбината на кралот Чарлс Трети. Во неа пишува дека тој ќе абдицира од тронот, а дека ќе го наследи не Вилијам туку Хари.

„Затоа што не го одобруваа неговиот развод, човек кој подоцна го сметаа за недостоен, народот ќе го протера кралот на остров и ќе го замени човек кој никогаш не очекувал да биде крал“, го толкува Ридинг предвидувањето на Нострадамус.

„Кралицата Елизабета Втора ќе почине околу 2022 година, на возраст од околу 96 години, пет години помалку од животот на нејзината мајка“. Принцот Чарлс ќе има 74 години во 2022 година, кога ќе го преземе тронот. Но, незадоволствата што ги има против него одреден дел од британското население, по неговиот развод со Дијана, принцезата од Велс, сè уште опстојуваат“, пишува Ридинг во неговата книга за Нострадамус.

Ќе ви се допадне