Нострадамус предвидел дека во 2023 година ќе се случат многу полоши работи од претходната 2022

Францускиот астролог Нострадамус предвидел дека 2023 година ќе биде многу полоша од претходната. Во 2022 година, се случи инвазијата на Украина, инфлацијата и енергетската криза кои следеа како резултат на војната, како и ефектите од глобалното затоплување, кои беа видливи во сите делови на светот.

Најголемото предвидување на Нострадамус за Новата година е почетокот на големата војна.

„Седум месеци од големата војна, луѓе мртви за правење зло“, биле неговите зборови кои некои ги протолкуваа како неизбежна ескалација на украинскиот конфликт во Третата светска војна.

Дописникот за футурологија на „Дејли стар“ има свое мислење за ваквите предвидувања на Нострадамус.

„Седуммесечниот конфликт на почетокот изгледа како причина за славење, но треба да се биде претпазлив со оглед на огромниот нуклеарен арсенал на земјите особено на Америка и Русија. Парижаните би било добро да се затворат во Руан додека работите се смират“, рече тој, а пренесе „Гардијан“.

Во периодот меѓу 1547 и 1555 година, Нострадамус, на својот асистент му соопштил 942 поетски катрени додека бил опиен со морско оревче, кое предизвикува халуцинации, ако се зема во големи дози.

Иако многумина го исмеваа заради тоа на крајот неговите пророштва се остварија, а беа забележани и во неговата необјавена книга Les Prophéties, која е од големо значење до ден денес.

Многумина веруваат дека тој ја предвидел егзекуцијата на Чарлс I, Големиот пожар во Лондон, Француската револуција. Подемот и падот на Наполеон и Хитлер, атентатот на ЏФК, атентатот на Беназир Буто, нападите од 11 септември, масакрот во Париз во 2015 година, дури и абдикацијата на кралот Чарлс III.

Scroll to Top