Нови бизарни теории на оние кои веруваат дека Земјата е рамна

Во Велика Британија годинава беше одржана конференција на која беа застапени мислења за тоа дека Земјата е рамна, а не тркалезна. На конференцијата учествувале 200 учесници, а можеа да се слушнат необични теории.

Некои од говорниците спомнаа дека единствената реална сила во природата е електромагнетизмот, а не гравитацијата. Други тврдат дека Земјата е како рамна плоча и дека има облик на рамен диск, а не на сфера.

На конференцијата за чија влезница учесниците платиле и по 107 фунти, изненсени се неверојатни теории од типот дека Земјата е рамна плоча со надворешен прстен од лед.

Други тврдат дека Земјата на себе има купола, односно некој вид на кров, па и облик на дијамант. Иако нема никакви научни темели на ваквите тврдења, тоа не им смета и веруваат дека тие размислуваат исправно.

На социјалните мрежи од време на време се полемизира на оваа тема, па можат да се прочитаат разни објаснувања од типот дека:

  1. Не може да се живее на топката, затоа што луѓето треба да бидат наопаку свртени.
  2. Водата не може да има заоблен облик. Се пробало и во бројни експерименти на Земјата.
  3. На која и да висина се отиде, 20, 30, или 40 колометри, хоризонтот е рамен и во висината на oчите нема закривување.

Оние кои веруваат дека земјата е рамна, не го делат мислењето на луѓето во научните кругови и велат дека научниците не лажат кога зборуваат дека Земјата е тркалезна.

4. Ако Земјата се врти 1600 километри на час околу својата оска и ако се движи со 300.000 километри на час околу Сонцето, зошто ние не го чувствуваме движењето?

5. Луѓе ја обиколиле Земјата од правец исток-запад, но никој не ја обиколил во правец север југ.

6. Зошто не постојат директни летови меѓу градовите кои се наоѓаат преку океанот Јоханесбург – Рио Де Жанеиро, туку се иде преку Лондон.

7. Ако земјата ротира 1600 километри околу својата оска, како авионите успеваат да слетаат без проблеми.

8. Кога на морето ќе се забележи брод на 5000 километри оддалеченост, тогаш ако Земјата е округла тој треба да биде 150 метри под хоризонтот.

9. Најголемиот проблем на луѓето, кога ќе се каже дека Земјата е рамна, е што ќе помислат дека треба да постои некој раб од каде ќе се паѓа.

 

 

Scroll to Top