Новите жаришта во Кина ги збуни научниците, илјадници луѓе во карантин поради коронавирусот

Кинески лекари забележиле нови случаи со жаришта на североистокот од земјата. Инфекцијата со коронавирусот, се манифестира поинаку, од оригиналните случаи во Вуха. Експерти сугерираат дека овој патоген, може да се развие на непознати начини, пишува „Индекс.хр“, а пренесува „Курир.рс“.

„Според најновите анализи, пациентите од северните провинции Џилин и Хеилонгјианг, го имаат коронавирусот во своето тело подолго време и тие мораат да бидат негативни кога ќе се опорават од ‘Ковид-19’, вели Киу Хаибо, еден од најдобрите кинески лекари на државната телевизија.

Лекарите исто така забележале дека на заразените луѓе, од североистокот на земјата, потребно им е повеќе време од една или две недели, како што тоа беше случај во градот Вухан, за да се развијат симптомите, пишува „Блумберг“.

„Долгите периоди во кои заразените пациентите не ги покажуваат симптомите, не се причина за новите жаришта“, изјавил Киу.

Во последните две недели, биле пријавени 46 нови случаи на заразени, во три града, Шулан, Џилин и Шенгианг.

Научниците сеуште не се сигурни дали ова е значајна мутација на вирусот или едноставно кинеските лекари сега имаат време и ресурси, детално да ги набљудуваат пациентите. Имено, кога епидемијата започна во Вухан, локалниот здравствен систем бил толку преплавен, што биле третирани само најсериозните случаи.

„Теоретски, некои промени во генетската структура, можат да доведат до промени во структурата на вирусот или однесувањето на вирусот. Но, повеќето мутации воопшто не доведуваат до значителни промени“, изјавил епидемиологот Кеиџи Фукуда, од Универзитетот во Хонг Конг.

„Веројатно е дека новооткриените случаи во Кина, не се поврзани со мутацијата. Потребни се многу јасни докази, пред да може да се заклучи дека вирусот мутира“, додал Конг.

Доктор Киу изјавил дека новите случаи покажале, дека пациентите од североисточните делови, воглавно имаат нарушена функција на белите дробови, по силните симптоми, додека пациентите во Вухан, имале оштетување на повеќе органи, срцето, белите дробови, бубрезите и цревата.

Експертите сметаат дека новата точка на североистокот на Кина, е создадена по контакт со заразените патници од Русија. Генетското секвенцирање, покажало случајност на случаите забележани на североистокот на земјата и оние во Русија. Властите во покраините на североисточниот дел на Кина, наредиле враќање на рестриктивните мерки.

Железничкиот и школскиот сообраќај се запрени, во овие делови на земјата.

Извор/Индекс.хр/Курир.рс 

Scroll to Top