„Њујорк пост“ објави фотографии од островот на оргиите, каде што Џефри Епштајн силувал малолетни девојчиња

Осторовот на милијардерот и осуден педофил, Џефри Епштајн, крие мрачни тајни, пишува американскиот весник „Њујорк пост“, кој објави и неколку фотографии од ова место.

Епштајн, кој минатата година се обеси во својата ќелија во затворот во Њујорк додека го чекаше своето судење за малтретирањето малолетни девојки, некогаш важеше за успешен американски бизнисмен.

Сепак, тоа што се обидуваше да го скрие со години е силувалњето и вознемирувањето малолетни девојки, кои често се случувало и да им ги намести на своите богати и моќни пријатели.

Сега кога тој е мртов, јавноста сака да се открие вистината за грозотиите што ги правел овој сексуален предатор, пишуваат американските медиуми.

Случајот што ја згрози цела Америка, но и светот, годинава доби и документарна мини серија со име „Епштајн: Валкано богат“, која се емитува на „Нетфликс“, а се занимава со злосторствата што ги има направено овој американски милијардер.

Целиот свет доби можност да ѕирне во неговата летна оаза и остров, кој крие голем број приказни, а за кои за голем дел од нив јавноста можеби никогаш нема да дознае. Пред да се обеси, јавноста очекуваше Епштајн со себе да повлече голем број имиња од милјето сексуални предатори.

За жал, тоа никогаш не се случи. „Њујорк Ппост“ објави низа фотографии од неговиот имот настанати во времето кога тој сè уште уживаше во магиите на сопствениот остров, во приватните летови и друштвото на несреќните девојки и мали девојчиња.

Scroll to Top