Објавен таен список на албански шпиони кои оперирале на Балканот

Independent пишува дека Албанија, земја членка на НАТО, случајно објавила тајни податоци за своите најдобри известувачи, и тоа до најситни детали. Имиња на луѓе, марки на автомобили што ги користат, регистарски таблички, броеви на лични карти и пасоши, оперативни рангови, детали за патување, па дури и нивните секојдневни навики.

Сега сите знаат каде точно дејствуваат најдобрите албански шпиони, колкави им се платите, каде одат на забар, па дури и кои водоинсталатери и автомеханичари ги викаат за поправка на нивните возила.

Скандалот што го откри Independent открива дека постојат две лица на многу чувствителни позиции во седиштето на НАТО во Брисел. Останатите лица се наоѓаат на високи дипломатски позиции во Белгија, Грција, Србија и јужн српската покраина Косово, Италија и Македонија.

Овие податоци биле објавени на сајтот на албанското Министерство за финансии во рамки на извештајот за финансиската ситуација на известувачката служба ŠIŠ. Independent пишува дека секој кој ќе влезе во албанскиот систем по автоматизам влегува и во НАТО-системот.

Агентите откако биле откриени морале веднаш да бидат повлечени од терен, а веднаш била покрената истрага за ваквиот пропуст.

„Можете да го објавите својот буџет, но да ги објавите имињата и другите детали за агентите е лудо“, вели за Independent оперативец од американската известувачка агенција ЦИА, кој сакал да остане анонимен.

 

Scroll to Top