Очевидци ги опишуваат првите реакции на Навални по неговото труење

By

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во моментов се наоѓа во кома во болница во Берлин, а Германија открила дека тој бил отруен со нервниот агент новичок.

На Навални му се слошило за време на летот од сибирскиот град Томск за Москва. Авионот итно слетал во Омск. „Би-би-си“ направил тајмлајн на сето тоа што се случувало тоа утро.

Од кобниот чај кој Навални го испил на аеродромот, до тоа како стјуаердесите и медицинските лица се бореле за да му го спасат животот над Сибир.

Алексеј Навални тргнал на 20 август со авионот S7 од Томск за Москва. Според изјавите на неговата портпаролка Кира Јармиш, тој тоа утро не јадел ништо, освен шолја чај, кој го купил на аеродромот во Томск, Богашево.

Еден од патниците на летот, Илја Агив го видел Навални како го пие чајот приближно еден час пред авионот да полета. Познатиот опозиционер бил насмеан и се шегувал со патниците, кои го препознале. Тој и се фотографирал со нив.

Во првите половина час од летот, Навални почнал да се чувствува лошо. Стујардесите на патниците им даваа вода, но тој одби. Потоа станал и отишол до тоалетот. Таму останал 20 минути, сè додека не почнал да се создава ред пред тоалетот.

Тогаш стјуардесите забележале дека нешто не е во ред со еден од патниците. Неколку минути подоцна, една од нив побарала лекар. Дури во тој момент останатите патници почувствувале дека нешто не е во ред. Една од патничките била медицинска сестра и таа се обидела да му помогне.

Патниците се обидувале да го остават Навални во свесна состојба, сè додека пилотот не слета.

„Неколку минути подоцна, откако стјуардесата праша дали има доктор во авионот, Алексеј почна да вика. Очигледно имаше силни болки. Лежеше на подот во делот на авионот, резервиран за авионскиот екпиаж. Не рече ништо, само викаше“, изјавил адвокатот Сергеј Незенец, кој седел во задниот дел на авионот.

Тоа се случило нешто по девет часот по времето од Томск. На пилотот му требало околу половина час за итно да слета во Омск. Поради облачното време имал дополнителни проблеми при слетувањето.

Во девет часот по времето во Омск, односно 10 по времето во Томск, авионот слетал, а засега лекарите од аеродромот не откриваат дали на Навални во тие моменти му бил исчистен желудникот. По кратко време тие заклучиле дека овој случај не е за нив и дека на Навални му е потребна интензивна нега.

„Беше тешко да се разбере што се случува, затоа што Навлани не беше во можност да одговори на прашањата. Сите правеа што мораа и на крајот успеаја да му го спасат животот и да се погрижат да биде пренесен во соодветна болница“, изјавил еден од лекарите на аеродромот.

Патниците со кои „Би-би-си“ разговарал, веруваат дека здравствените работници проверувале на секои 15 до 20 минути што се случува со Навални во авионот.

Откако Навални бил изнесен од авионот, бил префрлен во возило за итна помош, со кое бил однесен во најблиската болница. Авионот стоел уште половина час на аеродромот, а потоа продолжил со летот кон Москва.

 

Ќе ви се допадне

GoGoAnime gogoanime 10: Watch That Time I Got Reincarnated as a Slime Episode 14

AnimeHeaven dubbed anime: That Time I Got Reincarnated as a Slime (https://animeheaven.pro/m/mLE5) Episode 24