Од Белата куќа им наредија на сите агенции да ги затворат Тик ток апликациите во рок од 30 дена

Американските сојузни агенции треба да се осигураат дека нивните уреди повеќе нема да ја користат апликацијата Тик ток, објавија синоќа од Канцеларијата за управување и буџет во Белата куќа. Истите имаат рок од 30 дена да ја отстранат, пренесоа медиумите.

Американските членови на Конгресот кои гласаа за оваа одлука во декември, сметаат дека апликацијата, чиј сопственик е кинеската фирма ByteDancec, е закана за националната безбедност и забранија нејзина употреба на уредите на своите вработени.

Наредбата од канцеларијата на Белата куќа е спроведување на тој закон, кој беше ратификуван од претседателот Џозеф Бајден на почетокот на јануари.

Директорката на канцеларијата Шаланд Јанг побара во меморандумот од американските владини агенции да го укинат и забранат поставувањето на тие апликации на нивните уреди или уредите кои тие ги управуваат и да забранат интернет врска на своите уреди на апликацијата. 

Забраната не се однесува на американските тела кои не зависат од сојузната влада и на милионите поединци кои користат Тик ток.

Американската унија за граѓанска слобода ACLU го осуди новиот закон велејќи дека тој всушност претставува забрана за Тик ток.

„Конгресот не треба да ја цензурира целата платформа и да ги лиши Американците од нивното уставно право на слобода на говор и изразување“, соопшти главната политичка советничка на ACLU Џена Левентоф.

„Имаме право да користиме Тик ток и други платформи за размена на нашите мисли, нашите идеи и ставови со луѓето и земјите од целиот свет“, додаде таа.

Западот сè повеќе ја испитува популарната платформа за кратко видео, плашејќи се дека Пекинг би можел да добие пристап до корисничките податоци ширум светот

Забраната на американската сојузна влада доаѓа неколку дена по сличната одлука на Европската комисија, која ја забрани апликацијата Тик ток од нејзиниот персонал за да ја заштити институцијата.

Тик Ток во ноември призна дека некои од неговите вработени во Кина можат да добијат пристап до податоците на европските корисници и во декември призна дека вработените користеле податоци за да ги следат новинарите.

Но, групата негира дека кинеската влада има било каква контрола или пристап до нејзините податоци.

 

Scroll to Top