Од компанијата „Фејсбук“ го блокрале профилот на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, пренесуваат светските медиуми. Од Министерството за комуникации во земјата, објаснуваат дека блокадата стигнала затоа што тој се обидел да наметне своја политика и закони во други држави.
„Министерството за комуникации категорично го осудува самоволието на компанијата „Фејсбук“, која кршејќи го уставот на Венецуела, го блокирала на 30 дена профилот на претседателот Николас Мадуро, прекршувајќи ги правата на 1,2 милиони од неговите следачи“, е наведено во соопштението.
Ова не е првпат „Фејсбук“ и неговите партнери „Ватцап“, и „Инстаграм“, да воведат санкции за содржината која е објавена на профилот на претсеателот. Во октомври 2020 година, администрацијата на „Фејсбук“ ја избришала снимката од седницата на која бил претставен препаратот „Каравативир“.
„Сведоци сме на дигитален тоталитаризам од страна на наднационална компанија, која сака да наметне свој закон на други држави“, е нагласено во Министерството.
„Ова не е есамо акт на цензура и диктатура на новите медиуми, туку и доказ за ширење на блокада и бојкот, иој северноамериканската империја незаконски ги користи против нашиот народ“, е напишано од страна на министерот за телекомуникации, Фреди Нјанјес, на „Твитер“.