Од почетокот на војната Путин го нема тргнато часовникот од десната рака

Од почетокот на војната во Украина, рускиот претседател Владимир Путин го нема тргнато саатот од десната рака. Аналитичари и психолози се обидуваат да откријат што би можело да значи тоа.

Некои тврдат дека тоа е поврзано со џудото и древната кинеска медитација, додека други веруваат дека на тој начин сакаат да сокрие дека е леворак. Путин пак вели дека причината е практична и дека го носи на десната рака само затоа што го боцкал механизмот за навивање.

„Путин има завидна колекција на часовници, но од кога почна војната во Украина, тој не го трга овој часовник од раката. Станува збор за марката Blancpain кој е направен од нерѓусувачки челик и е најстариот бренд на луксузни часовници во светот. Основан е во 1735 година. Часовникот буквално преку ноќ се здоби со популарност, а побарувачката за него повеќекратно пораснала“, рече експертот за часовници и основач на јутјуб каналот, „Часовник на рака“, Страхиња Џориќ.

„Овој спортски модел е водоотпорен до 100 метри под вода и вреди повеќе од 10.000 долари. Путин го има веќе неколку години, а она што е карактеристично за него е тоа што не сака мејнстрим брендови“, рече Страхињ и додаде дека ова му е омилен часовник на Путин.

„Иако поседува и далеку поскапи парчиња, како оние од колекцијата од германско производство A. Lange & Sohne, кои чинат половина милион евра, би можело да се каже дека овој му е најдраг“, реча Страхињ и додаде дека Путин секогаш го носи саатот на десната рака.

За потсетување, очите на светската јавност од руската инвазија врз Укрина постојано се вперени во Путин. Медиумите постојано пишуваат за тоа со кого тој се состановува, а некои од психолозите постојано се обидуваат да прочитаат што тој мисли и да го предвидат неговиот следен потег.

Јавноста постојано ја интересира неговата биографија, љубовниот живот, безбедноста, што тоа носи на себе, во што се облекува и што вози.

 

Scroll to Top