Одговорот како настанало Сонцето се крие на Месечината, сметаат научниците

By

Месечината е соларна временска капсула и вистинско место за проучување на историјата на Сонцето и неговото влијание на световите во Сончевиот систем, тврдат научниците. Тие велат дека, кога е во прашање историјата на Сонцето, не треба да се гледа подалеку од Месечината.

dobivaj vesti na viber

Сакаме ли да научиме нешто за историјата на Сонцето, не треба да бараме подалеку од Земјиниот природен сателит, Месечианта. Ова го порачаа тим научници кои се надеваат дека ќе ги искористат идните мисии на НАСА на Месечината, за да ја разберат историјата на нашата Ѕвезда.

Сонцето отсекогаш влијаело на сите тела во Сончевиот систем. Не само што ја примаме топлината и светлината од него, туку и постојаните дождови од високоенергетски честички, како и соларните ветрови. Така е во последните 4,5 милијарди години, а така ќе биде и во иднина.

Сепак, човештвото на Земјата ја изгуби древната историја на влијанието на Сонцето на нас. Временските прилики предизвикани од ветерот, ерозијата предизвикана од водата и постојаните тектонски циклуси, ги бришат од површината или ги закопуваат длабоко во обвивката сите промени кои Сонцето ги прави на Земјата.

Од друга страна, мртвите светови многу подобро ја бележат историјата.Ова го пишува во новата студија која неодамна се појави во научното складиште arXiv која уште чека рецензии пред и официјално да биде објавена.

Бидејќи Месечината ни е најблискиот мртов свет и цел на серија мисии на НАСА, научниците сметаат дека треба да отидеме таму и да ги побараме трагите за историјата на Сонцето.

И покрај површинските активности на Месечината од нејзиното прво формирање, како што се тековите на лави и ударите на астероиди и комети, сепак истите би можеле да бидат од помош, а не пречка, велат научниците во споменатата студија.

Текот на лавата може да запечати големи делови од површината на Месечината од понатамошна интеракција со Сонцето. Ова значи дека ако можеме да копаме под тековите во подлабокиот лунарен реголит, би можеле да погледнеме во историјата на Сонцето пред појавата на лавата.

Авторите на студијата истакнаа и неколку клучни количини што може да се измерат од примероците од Месечината и како тие се поврзани со сончевата активност.

Тие исто така можат да ги погледнат трагите што ги оставаат високоенергетските честички додека се закопуваат во кората за да ги добијат истите информации.

Со споредување на различни примероци на различни длабочини и локации, научниците можат да ги разберат промените во осветленоста на Сонцето со текот на времето.

Ќе ви се допадне