Огромен астероид ѝ се доближува на Земјата

Огромен астероид ѝ се доближува на планетата Земја, предупредија од НАСА. Од таму велат дека внимателно го следат неговиот лет, пренесе „Њујорк пост“. Од американската вселенска агенција велат дека астероидот 388945 ќе поминел покрај нашата планета на 15 мај.Од НАСА велат дека карпата е голема околу 500 метри. Од таму предупредуваат дека ако по некоја случајност удри во Земјата, би предизвикал сериозна штета.

Сепак, Американците велат дека нема простор за паника, бидејќи астероидот само ќе помине покрај Земјата на оддалеченост од околу 5,6 милиони километри. Иако ова растојание изгледа големо, сепак од НАСА велат дека ваквите моменти се нарекуваат блиски средби.

Затоа тие го сметаат за потенцијално опасен. Астероидот лета со брзина од 28.000 километри на час, а од НАСА велат дека покрај Земјата ќе помине околу 10:18 часот по средноевропско време.

Scroll to Top