Откако се забрза ротацијата на Марс ги скрати деновите

Откако се забрза ротацијата на Марс деновите на Црвената планета се скратени. Научниците засега немаат објаснување зошто е тоа така. Велат дека Марс ја забразал ротацијата за 4 милисекунди годишно, поради што денот таму сега завршува за дел од милисекунда порано.

Една од причините заради која се сомневаат дека Марс почнал забрзано да се врти е мразот кој почнал да се собира на поларните капи. Може и да е заради постглацијалниот скок, кога копнените маси се креваат откако се затрупани со мраз, пишува Sky News.

Од НАСА велат дека ваквите придвижувања во масата може да го предизвикаат забрзувањето на планетата, слично како лизгачите на мраз кои се вртат со раширени раце, а потоа ги повлекуваат назад. Промената на брзината е откриена со лендерот на НАСА, Insight Mars, кој е на Марс веќе четири години. 

Себастиен Ле Мастре, водечкиот автор кој документира наоди во списанието Nature, рече дека варијациите биле само неколку десетина центиметри во текот на една марсовска година. Додаде и дека минатиот декември лендерот останал без струја.

„Потребно е многу време и многу податоци пред воопшто да можеме да ги видиме овие варијации“, рече Себастиен.

Биле разгледани податоците од првите 900 дена на InSight на Марс. Напредната радиотехнологија на лендерот, заедно со мрежата на длабока вселена на НАСА, работеле заедно за да им пружат на научниците подобри информации.

Тие би пренеле радиосигнал до лендерот користејќи антени, кои потоа би се рефлектирале назад на Земјата. Кога научниците ќе го примат рефлектираниот сигнал, тие ќе бараат мали промени во фреквенцијата за да утврдат колку брзо се врти Марс. Ле Маистер нагласил дека „историскиот експеримент“ е само врвот на ледениот брег во однос на податоците собрани од InSight.

 

Scroll to Top