Откриен предизвикувачот на пожарот во Калифорнија

Три адвокатски копании кои ги застапуваат 22 оштетени лица во пожарите во Калифорнија поднесоа тужба во вторникот против компанијата „Пацифик гас електрик“, која се занимава со дистрибуција на гас и струја.

Оштетените кои ја поднесоа тужбата тврдат дека одговорни за пожарот се лицата во компанијата кои работат на одржување на далноводите и дека тие биле причината за пожарот.

Дури и кога била предупредена на можни пожари, компанијата не ја исклучувала струјата во проблематичното подрачје, тврдат тужителите. По објавата на ваквите вести, акциите на компанијата паднале за 21,8 проценти.

Во извештајот на рејтинг-агенцијата „Мунди“  стои  дека штетата од пожарот би можела да ја чини компанијата повеќе од 6,8 милијарди долари. Од компанијата велат дека треба да се почека за официјално да се утврди виновникот за пожарот.

Ако се утврди дека комуналниот гигант е одговорен, тоа нема да биде првпат. Во 2017 година властите утврдиле дека компанијата PG&E е одговорна за 12 пожари во кои настрадале десетина луѓе. Во осум од тие пожари прекршен е државниот закон кој регулира управување со вегетацијата.

Scroll to Top