Откриен скриен ходник во Големата пирамида во Гиза во Египет

Египетските служби задолжени за антиквитети објавија дека откриле скриен девет метри долг ходник зад главниот влез во Големата пирамида во Гиза. Рекоа дека овој ходник може да доведе до понатамошни нови откритија.

Откритието е направено во рамки на проектот од 2015 година, користејќи современа технологија, вклучувајќи и скенирање и ендоскопи за истражување на внатрешноста на пирамидата.

Недовршениот коридор веројатно е изграден за да се ратерети тежината на пирамидата, главниот влез или некои други неоткриени одаи или простори, рече шефот на египетскиот Врховен совет за антиквитети МОстафа Вазири, пренесе „Ројтерс“.

 

Scroll to Top