Откриен тројански астероид, кој може да остане во орбитата на Земјата уште 4.000 години

Шпанските научници открија астероид широк 1,2 километр во орбитата на Земјата, кој би можел да остане во неа уште најмалку 4.000 години, но не претставува никаква опасност. Тие корисеа податоци од телескопите во Чиле, Аризона и Канарските острови, со што го дадоа досега најопсежниот опис на астероидот наречен 2020 XL5 кој првпат беше откриен пред две години.

Научниците потврдија дека ова еден од двата таканаречени тројански астеориди кои патуваат како сопатници на Земјата. Можат да бидат талкачи во Сончевиот систем, како што се чини дека е случајот со овој, или да претставуваат материјал кој останал од формирање на нивната матична планета. Тие остануваат заробени од планетарните гравитациски сили и потоа кружат околу Сонцето по иста патека како и таа планета.

Научникот Тони Сантана-Рос од Универзитетот Аликанте и Институтот за вселенски науки при Универзитетот во Барселона, кој е главен автор на статијата објавена во списанието Nature Communications, смета дека ова најверојатно е астериод од C-типот. Тие имаат темна боја и содржат многу јаглерод, покрај карпи и минерали.

„2020 XL5 не претставува закана за Земјата. Очекувам дека ќе остане во својата моментална стабилна орбита најмалку следните 4.000 години, вели научникот Сезар Брисено од американската Национална фондација за наука NOIRLab, коавтор на студијата.

Астероидот, кој е на оддалеченост од Земјата која варира од 90 милиони до 270 милиони километри, зазема една од петте таканаречени Лагрангеови точки, позиција во Вселената каде што објектите тежнеат да останат на местото. Тие места овозможуваат стабилни орбити поради конкурентските гравитациски сили на Земјата и на Сонцето. Овој астероид се наоѓа на онаа позиција којашто се нарекува L4 точка.

„Астероидот 2020 XL5, првпат откриен во декември 2020 година со помош на телескопот на Хаваи, можеби бил заробен од гравитациската сила на Земјата пред околу 500 до 1.000 години“, вели Сантана-Рос.

Додека другиот тројански астероид забележан околу Земјата, е откриен пред 12 години, исто така во L4 точката, а наречен е 2010 TK7. Тој е помал е со дијаметар од околу 400 метри, а најверојатно е заробен од гравитацијата на Земјатра додека талкал низ Сончевиот систем.

„Многу тројански астероиди го населуваат нашиот Сончев систем, а најголемата планета Јупитер ги има речиси 10.000, вели Сантана-Рос. Тројански астероиди, исто така, се откриени околу Нептун – 28, Марс – четири, Уран – два и Венера – еден.

Американската агенција за вселенски истражувања NASA ланскиот октомври ја лансираше вселенската сонда наречена „Lucy“ за да ги истражи.

„Јупитер е гигант во секоја смисла, па и во смисла на масата. Ја исчистил својата околина од други објекти и собрал илјадници објекти на своите точки L4 и L5. Земјата има поделикатно опкружување, со блиските гравитациски конкуренти како Венера, Марс, па дури и Месечината/ Затоа гравитациската непостојаност на 2020 XL5 на крајот ќе му овозможи на овој астероид да побегне од точката на стабилност L4“, вели Сантана-Рос.

Тој вели дека би можело да има уште тројански астероиди околу Земјата, коишто допрва треба да бидат откриени. Двете Лагренгеови точки во коишто би можеле да постојат – L4 и L5, тешко се набљудуваат од Земајта.

„Секој астероид кој кружи околу овие точки ќе биде видлив само во текот на кус временски период квечерина, на многу ниски височини над хоризонтот. Ако своите најголеми телескопи ги насочиме ниско над хорзонтот близу самрак, сигурен сум дека ќе најдеме уште изненадувања“, додава Сантана-Рос.

Scroll to Top