Откриена мистериозна маса на Месечината

Група научници  откриле на Месечината огромна  маса за која човештвото досега нема никакви информации и податоци. Мистериозната маса Питер ја открил под најголемиот и најдлабок кратер на Земјиниот природен сателит.

„Замислете си еден куп метал. Пет пати поголем од островот Хаваи. Закопан под земја. Откривме толкава маса“, изјавил Питер Б. Џејмс, кој бил водач на направената студија.

Кратерот има кружен облик, во радиус од околу .2000 километри. Огромен е и може да се види од Земјата. Се наоѓа на оддалеченост од страната на Месечината која никогаш не била свртена кон нашата планета. Научниците велат дека материјата успеале да ја откријат со помош на инструменти на НАСА.

„Кога добиените податоци ги комбиниравме со топографските податоци добиени од леталото LRO, откривме неочекувано голема маса, која се наоѓала стотина милји под дното на кратерот на Јужниот Пол. Едно од можните објаснувања е дека таа маса метал е создадена од астероид што го обликувал тој кратер“, изјавил Џејмс.

Оваа маса го привлекува дното на кратерот надоле за речиси еден километар. Симулациите од ударот на астероидот покажуваат дека во одговарачки околности, јадрото на астероидот од железо и никел би можело да се распрсне во горниот дел од слојот на Месечината, слој штосе наоѓа меѓу кората и јадрото на Месечината.

„Преку математичките пресметки утврдивме дека  астероид распрснат од ударот би можел да стане составен дел од Месечината, а да не се спушти во јадрото на Месечинта”, објаснил Питер.

Според други можни толкувања, огромната маса би можела да се состои од висока концентрација на оксиди, кои се поврзани со последната фаза на зацврстување на  океанот од магма.

Овој кратер, според Питер, настанал пред околу 4 милијарди години. Тој претставува најголемиот, најдлабок и најстар познат кратер во Сончевиот Систем. Во јанури 2019 година на ова место слета првата кинеска сонда Čang’e-4. Кратерот во 1970 година е наречен според американскиот астронаут Роберт Грант Ајткен.

Џејмс вели дека за време на развојот на Сончевиот Систем веројатно настанале и некои поголеми кратери, но истите не постојат повеќе.

Scroll to Top