Пабло Ескобар бил предаден од најголемиот пријател Диего Мурил Беара

Најозлогласениот нарко-бос од минатиот век Пабло Ескобар, не бил убиен од полициски специјалци додека се обидел да побегне во декември 1993 година, како што стои во официјалната верзија на полицискиот извештај, туку бил предаден од неговиот близок пријател и соработник Диего Мурил Беара познат како Берн.

Ова го објавил Берн во својата книга, во која пишува дека началникот кој ја водел операцијата по убиството на Ескобар му честитал и заедно прославиле пукајќи во воздух и викајќи „Да живее Колумбија“. Подоцна го замолил да си замние пред да пристигнат новинарите, затоа што немало да биде добро за него ако ги видат заедно.

Година дена по падот на Ескобар, некогашниот шеф на американската агенција на ДЕА, заедно со шефот на полицијата Уго Агуилар, изјавиле дека Берн бил клучен за ликвидацијата на Ескобар.

Берн бил поранешен убиец за картелот Меделин, со кој раководел Ескабор. Дон Берн, како што пишува All That Is Interesting, е роден како Диего Мурил Беара, во градот Тулуа, на брегот на Пацификот.

Пред да се здружи со Ескобар, тој бил дел од левата милитантна група по име Ejérsito Popular de Liberación (EPL). На средината на осумдесетите години од минатиот век, Берн се откажал од верувањата во комунизмот.

Додека Ескобар бил нарекуван крал на кокаинот, Берн во тој период миел автомобили за бизнисмен од Меделин по име Фернандо Галеано во Итаги. Галеано бил близок пријател со Ескобар и член на неговиот картерл. Берн станал еден од неговите војници. Тоа било дијаментрално спротивно на сите комунистички вредности на кои се заколнал.

Минатото на Берн се косело со неговите анти-комунистички ставови. Животот му бил во опасност кога Галеано влегол во војна со неговите некогашни другари внатре во EPL. Берн сакал да ја стекне довербата на Галеано, ликвидирајќи еден од локалните EPL лидери. Платил голема цена за тоа.

EPL се одмаздиле. Тие речиси го убиле пукајќи во него 17 пати. Берн преживеал, но до крајот на својот живот морал да носи протеза на ногата. Кога го добил Галеано за свој сојузник, Берн имал свој клан во картелот на Ескобар. На почетокот вели дека не бил голем играч.

Во деведесетите години Берн му бил возач на Галеано. Во тоа време Ескобар војувал со полицијата, се борел против испорачувањето, убивал политичари, а на крајот се затворил во Ла Катедрал, кој повеќе личел на луксузен хотел наместо затвор. Ескобар од Ла Катедрал продавал дрога. Додека бил во затворот, му била потребна ликвидност.

Ескобар побарал помош од Галеано и неговиот близок соработник Џерард Монкади. Ескобар им ги предал некои од своите најпрофитабилни рути и како резултат на тоа, продавале кокаин во вреденост од десетина милиони долари во текот на еден месец.

Берн бил ставен на силна позиција, во исто време кога се јавиле проблемите меѓу кланот на Галеано и Ескобар. Галеан ја зголемил својата плата од половина милион долари на милион долари. Дилерите не биле среќни поради тоа, а за работите да бидат полоши, Ескобар бил убеден дека двоецот Берн и Галеано го краделе.

Во летото 1992 година, 20 милиони долари биле најдени на имотот на Галеано. Соработникот на Ескобар Жарио Веласкез подоцна го ликвидирал Галеано, неговото семејство и неговите соработници, со цел да избегне одмазда.

Берн успеал да се спаси. Во меѓувреме нашол сојузник во браќата Кастањо. Станува збор за двајца бунтовници чија моќ растела во Меделин. Ескобар во тој период само го зголемувал бројот на своите непријатели внатре во картелот. Покрај браќата Кастањо, Ескобар го гонеле и групации од двете фамилии Галеано и Монцадо.

Берн полека почнувал да го симнува Ескобар од тронот. Имал за цел да ги засили врските со нарко пазарот, но и со колумбиските вооружени сили. Дон Берн се здружил со блокот полицајци кои на крајот го ликвидираат Ескобар. Тој во суштина бил оној кој го поттикнувал неговото фаќање.

Многу убијци од картелот Меделин основале свои мали банди по смртта на Ескобар, но Берн се обидувал да ги консолидира сите. Набрзо ја стекнал контролата на малите групи. Им се заканил со казни ако не ги плаќале долговите, даноците, или не ги спроведеле неговите правила.

Неговата организација со време станала своеврсна криминална полиција. Кон крајот на 1994 година, Берн ја превземал контролата и над организацијата Oficina de Envigado. Тие биле како криминална полиција која се решавала од слободните криминалци кои сакале да застанат на патот на модернизација на градот.

Берн бил одличен во градењето на односите. Успеал да се спријатели и да го потплати и државниот обвинител, полицијата, локалните бизнисмени и Католичката црква. Меделин ги држел работите под контрола се до 2004 година.

Организацијата Oficina de Envigado била претворена во високо организирана машна која делувала како чадор компанија за помали-полуавтономни единици, кои биле дел од криминалното подземје. Услугите кои ги нуделе вклучувале изнуда, убиства и контрола над дилувањето и коцкањето.

Неговата група дури користела и адвокати за конфискација на недвижностите, што било подобро од алтернативната ликвидација.

До 2006 година оваа организација станала најголема мрежа низ која поминувал кокаинот. Дон Берн ја изградил најголемата и најорганизирана криминална организација во историјата на Колумбија.

Додека Ескобар војувал против државата, Берн ги претворил своите непријатели во сојузници. Сватил дека таквата коалиција била подобра од крвава опозиција. Но, ни неговото царство не траело долго. Во јуни 2008 година е уапсен и испорачен во САД, каде пред судот во Њујорк признал дека во САД биле прошверцувани тони кокаин.

Добил 31 година затвор, а неговото царство набрзо потоа пропаднало.

Scroll to Top