Пандемијата со коронавирусот е проба за биолошка војна

By

Рускиот детски хирург Леонид Рошаљ, вели дека пандемијата со коронавирусот е проба, а можеби и почеток за биолошка војна меѓу големите светски сили.

„Кога ја анализирам моменталната состојба, сваќам дека ова личи на проба за биолошка војна. Не велам дека овој вирус е создаден од човекот, нема доволно докази за таквите тврдеа, а и не сум виролог. Но, ова е тестирање на здравствениот систем, вклучително и на биолошката заштита на земјата“, вели Рошаљ, во интервју за „Форбс“.

Тој вели дека вирусот не познава граници и дека е невозможно да се предвиди ширењето на пандемијата, затоа што луѓето од различни земји, различно се однесуваат и покрај сите ограничувања.

Според неговите зборови, во Русија во борбата против коронавирсуот се вкличија сите, вклучително и претседателот Владимир Путин и руската влада.

Рускиот лекар смета дека ниската стапка на смртност во земјата е поврзана со правовременото воведување на ограничувањето на влез во земјата и мерките за внатрешна контрола.

Лекарот порачува дека е неопходно да се продолжи со носењето маски и ракавици и дека не треба да се праќаат настинатите и болни деца во градинка.

Исто така треба да се почитуваат санитарните мерки и чекори, да се забраи одењето на работа на работниците кои не се чувствуваат добро и да се спроведуваат тестирања на вирусот.

„Коронавирусот ја тестира издржливоста на човекот во период на сериозна биолошка катастрофа“, вели Рошаљ.

 

Ќе ви се допадне