Патник од иднината предупредува дека наскоро ќе не нападнат вонземјани

Профил на „Тик ток“ под името Ено Аларик, објави видео во кое тврди дека доаѓа од иднината од 2671 година. Предуреди дека Земјата ќе биде нападната од вонземјани. Видеото му го погледнаа 350.000 фанови колку што го сладат на „Тик ток“.

„Јас сум патник низ времето и сакам да ве предупредеам светот каков што го знаеме наскоро ќе исчезне. Доаѓа непријателски вонземски вид да ја окупира Земјата. Нема да победиме. Оолу 8.000 луѓе ќе бидат однесени на друга планета погодна за живот“, вели Ено во видеото.

Некои го сфатија сериозно, а некои почнаа да се шегуваат. Еден му напишал: „Зар Овој четврток? Па го однесов авомобилот на поправка, ќе биде инвазијата откако ќе платам или пред тоа? Ај докажи дека навистина е така. Кажи ми кои се броевите на лотаријата на PowerBar оваа недела. И јас сум патник низ времето и дојдов да ви кажам дека 1 јануари е Нова година“, коментирале некои од нив.

Ваквиот тренд со видеа од луѓе на социјалните мрежи кои тврдат дека доаѓаат од идниата, последниве години се повеќе се шири по социјалните мрежи. Ретко се со добри вести и прогнози. Некои велат дека да очекуваме смртоносни метеорски дожд, па до избувнувањето на Третата светска војна.

 

 

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top