Пентагон призна дека имаат уште снимки од НЛО, но не сакаат да ги објават

Пентагон пред две години ја потврди автентичноста на цела низа фотографии и видеа од неидентификувани летачки објекти што ги сними американската морнарица, а кои излегоа во јавност. Американскиот Конгрес во мај 2022 година го одржа првото јавно сослушување по повеќе од 50 години на темата НЛО. Набргу потоа следуваа критиките.

Некои сметаат дека видеоматеријалите претставени пред Конгресот не се доволно убедливи за да ги оправдаат и финансираат постојаните канцеларии што се занимаваат со нив, а други сметаат дека не се пуштени најинтересните видеа. Како што пренесува „Лајв сајенс“, вторите беа во право.

Портпаролот на американската морнарица минатата недела, по барањето за слободен пристап на информации,  призна дека војската поседува дополнителни видеа од НЛО, но дека нема намера да ги објави затоа што тоа може да ја загрози националната безбедност.

Барањето го поднела организацијата The Black Valut, која и претходно објави документи на повеќе од илјадници страници поврзани со НЛО, што потоа FOIA ги доби од ЦИА и други владини агенции.
Барањето до американската морнарица Thе Black Valut го поднесе во април 2020 година, само еден ден откако марнарицата ја тргна ознаката за строго доверливо на три досега веќе познати видеоснимки од пилоти на морнарицата на кои се гледа НЛО, односно неидентификувана појава во воздухот, како што ги нарекува војската.

Организацијата побарала да ѝ ги предадат во април 2020 година, само еден ден откако морнарицата ја тргнала ознаката за доверливост. Станува збор за три досега веќе познати видеоснимки што ги направиле пилотите на морнарицата на кои се гледа НЛО. Организацијата побарала морнарицата да им ги предаде сите снимки што ги има.

NLO/UAP се објекти или појави што по прегледите на експертите и понатаму не може да се објаснат на конвенционален начин. Тоа не значи дека автоматски се работи за летала на вонземјани или за некои натприродни сили, туку дека засега нема научно објаснување за нив.

За НЛО, често по некое време се покажало дека станува збор за прирорен феномен, метеоролошки балон и уред, странски летала и дронови или, пак, за мала подобра фотомонтажа.

Загрозена националната безбедност?

Повеќе од две години подоцна организацијата The Black Valut добила одговор од властите во кој стои дека постојат дополнителни снимки за НЛО, но дека не може да се објават во јавност од безбедносни причини.

„Објавувањето на овие информации ѝ наштетува на националната безбедност затоа што на непријателски настроените субјекти може да им се дадат вредни информации за операциите, ранливоста или за способноста на Министерството за одбрана или морнарицата. Не можеме да објавиме ниту едно од тие видеа“, рече Грегори Кејсон, заменик-директорот на морнаричката канцеларија FOIA.

Тој додаде дека морнарицата успеала да декласифицира три видеа за НЛО, објавени во 2020 година, само затоа што тие претходно биле објавени во медиумите и веќе за нив опширно се расправало, па не може да нанесат дополнителна штета врз националната безбедност.

Она што е интересно е дека во својот одговор на барањето морнарицата не се обидела да ги скрие постојаните дополнителни UAP видеоснимки. Очигледно е дека во архивите на морнарицата има уште видеа со необјасниви средби од НЛО, но колку се и што има на нив засега останува мистерија.

Јасно е дека американската војска потенцијалната закана од НЛО ја сфаќа сериозно. Во мај 2022 година Министерството за одбрана ја одржа првата јавна расправа за НЛО од шеесеттите години. На сослушувањето првенствено се расправало за извештајот на Пентагон за јуни 2021 година, кој откри дека пилотите на американската морнарица пријавиле 144 случаи со видени НЛО од 2004 година.

Неодамна Министерството за одбрана објави дека ќе добие федерални средства за отворање на нови канцеларии фокусирани исклучиво на управување на извештаите за забележани НЛО од страна на војската, морнарицата и воздухопловството на САД.

 

Scroll to Top