Пентагон во паника поради Русите и Кинезите

Воената предност на САД во светот е поткопана, додека во исто време Русија и Кина ги засилуваат нивните воени капацитети. Ова го изјави претставникот на Комитетот, началникот на штабовите на Вооружените сили на САД, генерал Марк Мили, за време на сослушувањето во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес.

Тој објаснил дека војската во САД и понатаму е подготвена да возврати и да ја заштити земјата од напади, да ги поддржи сојузниците и да води војна со секој потенцијален противник.

„Но, нашата конкурентна предност е поткопана и никој не треба да се сомнева во тоа. Кина и Русија ги засилуваат своите воени потенцијали за да ги надминат САД и нивните сојузници и да го обезбедат своето влијание во целиот свет“, признал Мили.

Претходно американскиот министер за одбрана Марк Еспер во пишана изјава до Претставничкиот дом изјавил дека Вашингтон е загрижен за тежнеењето на Русија за светска доминација. Според неговите зборови, неодамнешните демонстрации на хиперсонично вооружување само ги потврдуваат стравовите за растечкиот воен потенцијал на Москва.

Амбасадорот на Русија во Вашинтон, Анатолиј Антонов, на свечениот прием по повод Денот на бранењето на татковината, претходно изјавил дека Русија не сака да се трка во вооружувањето, ниту, пак, во воената доминација, но нејзините вооружени сили претставуваат важен фактор за меѓународната безбедност.

 

Scroll to Top