По 102 дена, четири случаи на коронавирус на Нов Зеланд, властите се сомневаат дека стигнал преку замрзната храна

Властите во Нов Зеланд стравуваат од пораст на бројот на новозаразени од коронавирус кога по 102 дена, биле забележани четири случаи на заразени со Ковид-19.

Одговорните сега се обидуваат да утврдат како дошло до ваквата ситуација, иако се сомневаат дека вирусот се пренел преку замрзната храна.

По повеќе од 100 дена без зараза, во Окланд биле регистрирани првите четири члена од едно семејство заболени од опасниот вирус. Властите повторно воведоа рестриктивни мерки во целата земја, пренесува „Ројтерс“.

Новата состојба предизвика загриженост, но и збунетост кај надлежните затоа што во земјата локалниот пренос на коронавирусот го немале 102 дена.

„Се обидуваме да ги наместиме сите парчиња од сложувалката за да утврдиме како се заразило ова семејство“, изјавил Ешли Блумфилд од Министерството за здравство.

Официјалните лица на Нов Зеланд истражуваат дали првите случаи на коронавирус по повеќе од три месеци се резултат на вирусот што стигнал во земјата преку увезени пакувања на замрзната храна.

„Знаеме дека вирусот може да преживее и во опкружување каде што температурите се ниски“, изјавил Блумфилд.

Заразениот работник веднаш бил испратен на боледување, а неговите колеги се тестирани на коронавирус. Тестирани се 200 лица за кои се претпоставува дека биле во контакт со заразеното семејство. Во наредните денови ќе бидат тестирани уште десетина илјади луѓе.

Од претходно наведеното, надлежните побарале од жителите на Окланд, кои се речиси 1,7 милион, да не ги напуштаат своите домови, освен ако не се принудени на такво нешто и да ги одложат своите планирани патувања.

Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн, им порачала дека знае како да се победи вирусот.

Продавниците ја имаат рационализирано продажбата како резултат на големите набавки на материјали, а големи редови се формираа пред просториите каде што се вршат тестирање на коронавирусот.

Во оваа држава постои загриженост дека парламентарните избори ќе придонесат за зголемување на бројот на заразени од коронавирус.

Scroll to Top