По Германија и лабораториите во Франција и Шведска потврдија дека Навални е отруен со новичок

Германската влада соопшти денес дека две специјализирани лаборатории во Франција и Шведска потврдиле дека рускиот опозиционер Алексеј Навални е отруен со нервниот гас новичок.

Претходно присуство на оваа супстанца кај Навални потврди и германската воена лабораторија, пренесува „Асошиетед прес“.

Портпаролот на германската влада Штефан Зајберт изјавил дека примероците се испратени до Организацијата за забрана на хемиско оружје и дека таа ќе ги тестира во своите референтни лаборатории.

„Ја повикуваме Русија уште еднаш да се изјасни за овој случај. Во близок контакт сме со нашите европски партнери за понатамошните чекори“, додал Зајберт, а пренесува „Ројтерс“.

Навални му се слоши на 20. август во Русија, во авион, по што беше префрлен во Германија, каде во моментов се лекува.

 

Scroll to Top