По короната и бубонската чума, во Азија се шири уште една смртоносна болест

Додека Кина се справува со новиот бран на корона, се појавија неколку случаи на бабонска чума, а сега се шири уште една смртоносна болест – денга треска, смртоносен вирус што се шири од заразени комарци. Случаи на денга треска се забележани во неколку делови од Азија, пренесуваат тамошните медиуми.

Прв случај на денга треска во Кина е регистриран истиот ден кога беше потврдена чумата во земјата. На жител на источниот кинески град Гуангде му беше дијагностициран вирусот, соопштија локалните здравствени власти. Пациентот се лекува во локална болница од 5 јуни. Tој претходно тпатувал во други азиски земји, вклучувајќи ги Индија, Мјанмар и Пакистан, пишува „Дејли меил“, а пренесе „Курир.рс“.

Здравствените власти во Кина соопштија дека прават напори да го спречат вирусот во околните области.

Најлоша епидемија во Сингапур

Деновиве, Сингапур се бори со најлошата епидемија предизвикана од денга треската, во историјата. Годинава во градот-држава се регистрирани вкупно 15.227 лица инфицирани од денга, покажуваат податоците на Националната агенција за животна средина (НЕА).

Минатата недела Сингапур пријави 1.454 случаи со овој вирус. Четврта последователна недела бројот на заболени надминува 1.000.

Најмалку шеснаесет лица починале од вирусот во Сингапур, споредено со 26 кои починале од корона. Во Сингапур има регистрирани 45.140 случаи на заболени со Ковид-19.

Болеста се шири и во Лаос

Драматично е и во Лаос, каде што беше потврдено дека на 2.618 лица им е дијагностицирана денга треска. Евидентирани се осум смртни случаи.

Повеќето од нив се во главниот град Виентиан, повеќе од 600. Случаи со денга треска биле претходно пријавени во Тајланд и на Филипини.

Според Светската здравствена организација, денга е една од најбрзорастечките инфекции и во моментов е вирусна болест што се шири најбрзо. Денгата се пренесува преку каснување од комарци од типот Адес, кои обично живеат во региони со влажна, тропска клима. Луѓето заразени со вирусот можат да добијат треска и болки во мускулите, а симптомите вклучуваат повраќање и главоболка, особено зад очите. Во мал број случаи, се развиваат сериозни симптоми, кои вклучуваат брзо дишење, силна болка во стомакот и замор. Болеста има период на инкубација помеѓу пет и десет дена откако лицето ќе се зарази и симптомите траат околу една недела.

 

 

Scroll to Top