По обвинувањата дека е држена како заложник, принцезата Латифа видена на одмор во Шпанија

Ќерката на владетелот на Дубаи, принцезата Латифа, по обвинувањата дека татко ѝ ја држи како заложник во неговата палата, сега е видена на одмор во Шпанија. Таа е сликана на аеродромот во Мадрид, „Адолфо Суарез“, заедно со Сионед Тејлор.

Британските медиуми пренесуваат деа Тејлор е поранешна членка во британската морнарица и таа ја објавила фотографијата на интернет. На фотографијата таа напишала „Одличен одмор со Латифа. Се забавуваме и истражуваме“.

Тејлор во коментарите одговорила дека Латифа е добро и се чувствува одлично. Ова не е првпат Тејлор да објави фотографии со Латифа. Таа исто така претходно објави фотографии од нив двете додека беа во посета на два трговски центри во Дубаи.

Фотографиите и натписите дека принцезата е добро, само им пркоси на обвинувањата на активистите и експертите од Обединетите нации, дека таа е злоставувана, затворена и држена како заложник од страна на нејзиниот татко шеикот Мухамед дин Рашид ал Мактум.

Шеикот ги демантираше сите обвинувања дека ја злоставувал ќерка му, како и нејзината постара сестра Шамса, за која британскиот суд утврдил дека била киднапирана од негови луѓе во Кембриџ во 2000 година и која од тогаш не е видена.

„Драго ни е што Латифа, има пасош и може да патува и да ужива во својата слобода“, изјавил за „Ројтерс“ Дејвид Хај, адвокатот на групата која се залага за нејзино ослободување.

„Можам да потврдам дека неколку членови од тимот имале директни контакти со неа“, додал тој.

За потсетување, Латифа (35) се обиде да побегне од нејзината земја во 2018 година, но, командосите на нејзиниот татко успеаа да ја вратат. На снимката која ја објави „Би-би-си“, во февруари, а која во јавноста ја испрати Латифа, принцезата рече дека била држена како заложник.

Таа била затворена во вилата на нејзиниот татко, која Латифа ја опишала како затвор. Драматичниот обид за бегство преку морето, сериозно ги стресоа имиџот на шеикот Мохамед, кој е и потпретседател и премиер на Обединетите Арапски Емирато.

За него се зборува дека има десетина деца со повеќе сопруги. Некои од неговите синови и ќерки често се појавуваат во медиумите, додека другите не. Досега ниту Тејлор, ниту владините канцеларии за медиуми во Лондон и Мадрид, не одговориле на прашањата за Латифа на новинарите на „Асошиетед прес“.

(Видео) Ослободена е принцезата Латифа која владетелот од Дубаи ја држеше како заложник, била снимена во трговски центар со пријателки

Scroll to Top