По три децении откриен убиецот на американскиот режисер Бери Крејн

По 34 години, полицијата во САД успеа да го реши убиството на познатиот холивудски и телевизиски режисер и продуцент Бери Крејн. Осомничениот Едвард Хит (52) од Северна Каролина, бил уапсен благодарение на повторената анализа на ДНК доказот од минатата година.

Хит е обвинет за убиство на режисерот и светски познатиот играч на бриџ, настанато уште во 1985 година. Телото на Крејн било пронајдено во неговата гаража на 5 јули 1985 година. Телото било замотано во чаршаф и врзано со телефонска жица околу вратот. Обдукцијата покажала дека смртта настанала од удар со голема керамичка статуа.

Крејн бил познат по голем број на познати телевизиски серии од 60-те, 70-те и 80-те години од минатиот век, меѓу кои и хитовите „Далас“, „Невозможна мисија“, „Волшебник“. Истражителите по три децении од направениот злостор, во март го привеле Хит, а тој во текот на испрашувањето го признал убиството.

Полицијата до Хит стигнала преку неговиот пронајден отпечаток од прстот во автомобилот на Креј, кој бил украден од неговиот дом, веднаш по убиството. Агентите на ФБИ успеале да земат негов ДНК примерок од чашата за кафе и остатокот од цигарата кои ги оставил во механичарската работилница, каде работел.

Сега на Хит му се заканува доживотна затворска казна. Кејн е роден во Детроит и бил познат играч на играта со карти бриџ кога се преселил во Лос Анџелес во 50-те години од минатиот век, за да работи во Холивуд.

Scroll to Top