Почина водителка на Би-би-си, а семејството смета дека причината за нејзината смрт е вакцината што ја примила пред десетина дена

Радиоводителката на британската мрежа Би-би-си, Лиса Шо, починала по добивањето згрутчување на крвта, само десетина дена по примањето на вакцината на „Астра зенека“, објавиле членови од нејзиното семејство.

Нејзините блиски сметаат дека вакцината е причината за смртта на Лиса. Таа добила тешки главоболки една недела по вакцинирањето, а потоа и тешко се разболела. Таа починала минатиот петок во амбуланта во Њукасл.

Роднините потврдиле дека таа била на интезивна нега поради згрутчувањата во крвта и поради крвавење, пишува Би-би-си. Лиса работела за радиото на Би-би-си од 2016 година, а била и нивна репортерка задолжена за североистокот на Велика Британија.

Семејството вели дека е шокирано и дека нејзината загуба им оставила голема дупка во нивните животи, која никогаш нема да може никој да ја пополни.

„Секогаш ќе ја сакаме и засекогаш ќе ни недостига“, велат тие.

Рик Мартин, извршниот уредник на радиото на Би-би-си во Њукасл, раскажа дека сите се скршени од губењето на Лиса и дека со мислите се со неа и нејзиното семејство.

„Таа беше верна колешка, брилијантна водитлека, прекрасна пријателка, сакана сопруга и мајка. Сакаше да оди на работа, а и публиката ја сакаше неа. Изгубивме посебен човек во нашите животи, кои им значеше голем број луѓе“, рече Рик.

Наодите на Лиса сѐ уште не се готови и засега се утврдуваат околностите под кои настанала нејзината смрт. Уште никој со сигурност не може да тврди дека причината за смртта настанала од примената вакцина, но семејството е убедено дека причината е тоа.

Scroll to Top