Почната истрага против Насер Ал Келаифи, претседателот на ПСЖ обвинет за киднапирање и мачење

Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал Келафи повторно се најде под обвинение и против него е покрената истрага во три истражни суда во Париз.

Тој е обвинет за киднапирање и мачење од страна на францускиот алжирски лобист Таиб Бенабдерахман, кој пред неколку месеци рече дека претрпел тортура во Катар во периодот во 2020 година, затоа што поседувал документи кој можеле да го компромитираат претседателот на ПСЖ.

Како што пренесоа француските медиуми, меѓу кои и L’Ekip, бизнисменот поднел жалба во својство на граѓанин, а за кој францускиот закон налага истрага во врска со злосторство мачење и киднапирање, како што е наведено во жалбата.

Неговите адвокати Роман Руиз и Габриел Вејнар биле задоволни откако со месеци го критикуваа францускиот правен систем за бавност во работата и недостаток на акција.

Информациите кои Бенабдерахман го имал можеле наводно да бидат мотив за Ал Келаифиј, затоа што компромитирале во врска со доделувањето на Светското првенство во Катар и доделувањето на Телевизиските права за блискиот исток за Мундијалот 2026 и 2030 година за BeIN корпорацијата, чиј сопственик е тој.

 

Scroll to Top