Покрај Германија и Полска била закана за Русија, објавени тајни документи од Втората светска војна

Министерството за одбрана на Русија ја тргна ознаката доверливо од единствените документи за настаните кои се случиле непосредно пред и на самиот почеток на Втората светска војна. Во нив се споменува и заканата која доаѓала од страна на Полска.

Министерството навело дека декласифицираните документи разјаснуваат зошто во таква тешка-воено политичка ситуација, се носеле одредени одлуки.

Новото поглавје на сајтот на Министерството е посветено на 80. годишнината од потпишувањето на пактот за ненепаѓање меѓу Германија и Советскиот Сојуз (Пактот Молотов-Рибентроп), исто така е наменет во борбата против обидите за фалсификување на историјата и ревизија на резултатите од Втората светска војна.

Меѓу декласификуваните документи се наоѓа и службената белешка на началникот на Генералштабот на Црвената армија Борис Шапшнијков, упатена до народниот комесар на одбраната на СССР Климент Ворошијов. Во неа се наоѓа проценката на воената закана која можат да ја претстават различни држави, независно како дел од воениот сојуз и блокови.

Степенот на значење и тајноста на овој документ особено го нагласува фактот дека Шапошнјиков не користел помош на дактилограф, туку извештајот на 31 страница го напишал рачно. Според мислењето на советските воени експерти, најверојатната закана за СССР во тој период не бил само воениот сојуз на Германија и Италија, туку и Полска, која била во орбитата на фашистичкиот блок.

Шапошнјиков истакнал дека Советскиот сојуз мора да биде подготвен за борба на два фронта. На запад против Германија и Полска и делумно против Италија, со можност да склопи сојуз со пограничните држави, а на истокот да се борит против Јапонија.

Документите покажуваат дека Германија и Посла во пресрет на војната можеле заедно да имаат повеќе од 160 пешадиски дивизии, повеќе од 7000 тенкови и 4500 авиони. Народниот комесар на одбраната Ворошилов на преговорите со британската и француската воена делегација во мај 1939 година, соопштил дека Москва може да формира 136 дивизии и да има 5000 авиони.

Во материјалите исто така се наоѓа и опис на воените операции од 2. германски армиски корпус, за време на офанзивата на Полска во 1939 година, кој во 1949 година ја составил заробениот германски полковник Герман Беме, а кој во текот на периодот на опишаните воени операции, бил началник на оперативното одделение на дивизијата.

Во нив детално се опишува како тајно, под рамки на воените вежби, германските трупи се подготвувале за напад, а исто така се открива и редоследот на дејства на корпусот во текот на офанзивата. Наводите на германскиот генерал сведочат за жесток отпор на Полјаците и го опишуваат интезивниот тек на борбата за Варшава.

Втората светска војна траела шест години, од 1. септември 1939 година, до 2 септември 1945 година. Последната битка се водела на Далечниот исток, а на 2. септември 1945 година на американскиот воен брод „Мисури“, била потпишана безусловната капитулација на Јапонија, еден од сојузниците на Германија.

Во војната учествувале 61 држава, со вкупно 1,7 милијарди жители. Воените операции се воделе на територија на 40 држави, како и на мориња и океани. Втората светска војна била најразорната и најкрвавата војна во историјата на човештвото. Во неа загинале повеќе од 55 милиони луѓе.

Најмногу жртви претрпел Советскиот сојуз, кој изгубил 27 милиони луѓе.

Scroll to Top