Полицаецот Дерек Шовен и Џорџ Флојд работеле заедно

Поранешниот полицаец Дерек Шовен и Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина за време на приведувањето, се знаеле од претходно. Двајцата неколку пати имале недоразбирање, додека работеле како обезбедување во еден ноќен клуб, изјавил за CBS, поранешен нивни колега Дејвид Пини.

Пини, кој со Флојд и Шовен работел во ноќниот клуб, изјавил дека Дерек бил агресивен и затоа постојано влегувале во расправии со Флојд.

„Верувам дека тоа што се случило на 25. мај, беше лична работа“, изјавил Пини.

Тој исто така потврдил дека Шовен многу добро знаел кој е Флојд и дека нема сомненине дека не знал за кого станува збор кога го апсел.

Шовен е обвинет за убиството на Флојд на 25. мај, во Минеаполис, затоа што речиси девет минути му го држел коленото на вратот, иако Флојд во неколку наврати му рекол дека не може да дише.

Смртта на Флојд покрена лавини протести против расизмот во САД, а потоа и низ целиот свет.

Scroll to Top