Полицајката Меган Хол од Тенеси, која беше обвинета за секс со повеќе колеги на работно место, сега поднесе контра тужба. Вели дека била сексуално искористена. Беше отпуштена уште во јануари годинава откако се откри дека имала секс со колегите. Сите кои учествуваа на почеток ги негираа нападите.
Петмината од полицајци заработија отказ, а уште тројца се суспендирани откако во јавноста се дозна за наводните сексуални напади во полициската управа Ла Вергна, пренесе порталот Unilad.
Истрагата покажа дека Меган била блиска со уште четворица полицајци, наредниците Луис Пауел, Хенри Мекгован, детективот Сенек Шолдс и полицаецот Луго Перез. Сите се отпуштени од работа.
Уште тројца службеници се суспендирани поради вмешаност во секс скандалот, пренесе „Јутарни лист“.
Петмината полицајци Повел, Маглико, Холидеј Шилдс и Луго Перс признаа дека имале секс со колешката, а Меган, освен со нив, откри дека била интимна и со полицаецот Мекгован. Во меѓувреме поднела тужба против полициското одделение во кое работила и против нејзините бивши колеги.
Во неа го обвини градот, и полицајците Пауел, Мекгован и Дејвис.
„Бев подготвувана за сексуално искористување. Се чувствував зарбоена во улогата која ми беше доделена во полициската станица во Ла Вергна. Во обид да побегнам, за малку ќе завршев мртва. Тогаш градот ме обвини мене. Со оваа тужба барам правда за мене. Често доживував вознемирување на работното место кое беше проткаено со сексуални алузии и сексуално експлицитно однесување“, стои во тужбата.
Шефот на полицијата во Ла Вергна, Бурел Чип Дејвис, претходно овој месец исто така заработи отказ откако е откриено дека бил свесен за недоличното однесување на полицајците во неговото одделение. Никогаш не пријавил ниту пак казнил некои од нив.
„Меган никогаш не ја доживуваа како полицајка почетничка која треба да се обучува и унапреди. На неа се гледаше како парче месо кое треба да се сексуализира и искористи. Хол неколку пати им рекла дека не сака да биде дел од такво нешто, но надредените ја притискале додека не попуштила. Се разбира сега има и такви кои мислат дека се обидува да ја префрли вината на другите. Лесно е да се донесат заклучоци кога не ја знаете целата приказна“, рече адвокатот за граѓански права Весли Кларк.