Полицијата го реши нејзиното убиство, последното селфи го разоткрил убиецот

Валери Рејес (24) од Њујорк се фотографирала со својот дечко Хавијер да Силва Рохас во аптека, а направеното селфи и било последното нешто што девојката го објавила на социјалните мрежи.

Благодарение на таа фотографија полицијата подоцна успеала да го резреши случајот со мистериозното убиство во САД. Службите утврдиле дека Хавијер, кој исто така бил на фотографијата е одговорен за нејзината смрт.

Тој признал дека ја киднапирал својата девојка, ја ставил во куфер, а подоцна ја фрлил на автопат. Куферот бил пронајден на 12 февруари од страна на еден работник на патот, во близина на границата со Конектикат.

Во портокаловиот куфер работникот го забележал телото на Валери, а внатре била девојката на која ѝ биле врзани и рацете и нозете. Работата станала побизарна кога работникот кој ја пронашол, неовластено го фотографирал нејзиното тело и местото на злосторот.

Според судските документи, мајката на Валери на полицијата им објаснила дека нејзината ќерка ја раскинала врската со Хавијер. Сè разделиле пред година дена, во периодот кога било направено селфито. Непосредно пред да исчезне, Валери ѝ раскажала на својата мајка, дека не се плаши од Рохас, но дека имала чувство дека некој ја следи.

„Некој ќе ме убие“, ѝ кажала Валери на својата мајка Норма Сначез, ноќта пред да исчезне. Мајка ѝ се обидела да ја смири, затоа што Влаери патела од депресија и напади на паника.

Норма на полицијата ѝ објаснила дека Валери доживувала напади на паника и чувствувала страв дека некој би можел да упадне во станот ѝ да ја повреди.

Хавијер Да Силва Рохас бил уапсен кога се обидел да подигне 1000 долари. Поицијата верува дека тој го сторил злосторот и ги врзал рацете и нозете ѝ ставил лента на устата, го спакувал куферот и го фрлил на автопатот.

Тој признал дека го сокрил лешот, но тврдел дека Рејес починала на 29 јануари, денот кога имале секс. Тој бил обвинет за киднапирање кое резултирало со смрт, но, не и за убиство. Неговото апсење следело по опсежната истрага, соопштил портпаролот на полицијата.

Scroll to Top