Половина од Американците веруваат дека диносаурусите сè уште постојат во некои делови од Земјата, покажуваат најновите истражувања.
Истражувачи анкетирале 2.000 возрасни Американци и откриле дека четворица од 10 испитаници веруваат дека диносаурусите изумреле пред 2.000 до 10.000 години, иако веќе е одамна докажано дека тие изумреле пред 66 милиони години.
Еден од пет испитаници верува дека тие изумреле пред само 100 години. Некои од нив, 54% од испитаниците, тврдат дека тие живееле само во Африка и Северна Америка, иако нивните коски се пронајдени на голем број делови од светот.
Покрај тоа, сите испитаници требало да именуваат четири вида диносауруси, од повеќе од 1000 познати, но повеќето од нив го знаеле само триносаурус рекс.
Нешто повеќе од третина успеале да се сетат на бронтосаурус, кој стана популарен поради детскиот филм „Земјата пред почетокот на времето“. Сепак, 54% од испитаниците не успеале да го именуваат трицератопс, диносаурурс со три рогови, кој исто така се појавил во филмот.
Шест од десет испитаници веруваат дека некогаш постоел диносаурусот од видот далимислишдасаурус, пренесува сајтот studyfinds.org.
Истражувањето го спровеле Boat Rocker Studios, кој наскоро на детскиот канал на „Дизни“ ќе ја прикаже цртаната серија на Дино ранч, наменета за претшколската возраст.
Анкетата покажала дека 42% од испитаниците кои се деца помлади од 16 години веруваат дека ја пренеле нивната детска љубов кон диносаурусите, а дури три четвртини од родителите веруваат дека нивните деца знаат многу повеќе од нив за овие праисториски суштества.
Истражувањето покажало дека три од 10 возрасни веруваат дека диносаурусите постоеле на Земјата во исто време кога и праисториските луѓе, иако овие животни живееле 65 милиони години пред појавата на првиот човек.
Секоја четврта личност верува дека диносаурусите живееле со слоновите, иако науката потврдила дека слоновите настанале 10 милиони години по изумирањето на диносаурусите.
„Диносаурусите и понатаму не фасцинираат и сè уште има многу работи кои не ги знаеме за нив“, изјавил палеонтологот професор Стив Брусати од Универзитетот во Единбург.
„Новите откритија до кои дојдоа новите генерации научници навистина ја променија научната перцепција за тоа какви всушност се диносаурусите. Сега знаеме дека тоа биле паметни, активни, динамични животни, повеќе како птици отколку огромни лушпести гуштери, како што често се прикажани на телевизија“, додал тој.
За да бидеме целосно прецизни, диносаурусите всушност никогаш не изумреле. Птиците потекнуваат од нив, што всушност ги прави диносауруси, смета Брусати.