Полски новинар предупредува на нуклеарна војна меѓу САД и Русија

Полскиот новинар Антониј Коњушевски во весникот „Мисл Полска“ предупредува на нуклеарна војна меѓу двете најголеми воени сили во светот САД и Русија. Коњушевски опишал две сценарија од можниот вооружен конфликт меѓу двете земји.

Во првиот американската војска изведува силен напад користејќи ги сите расположливи средства, вклучувајќи го тука и нуклеарното оружје. Новинарот смета дека овој концепт носи голем ризик, бидејќи Кремљ може да ја задржи можноста да изведе еднакво деструктивен контранапад.

Второто сценарио Коњушевски го објаснил во неколку чекори. Главната задача на САД ќе биде да ја стави Русија во економска изолација. Овој концепт е осмислен од страна на САД, така што ќе доведе до смена на политичкото раководство во Русија. Коњушевски вели дека овој концепт се применува во последните неколку години.

Авторот смета дека веројатноста да избијат воени дејства е реална, затоа што на Вашингтон итно му треба голема војна. САД ги смета Русите како најголем противник, а САД би требало да се обиде да ја освојат Русија заедно со нејзиниот геополитички простор.

Весникот нагласува дека и покрај тоа што Русија во моментов се наоѓа во тешки околности, нејзиното раководство успеало да направи мајсторски шаховски потези. Питун и неговите соработници имале успех во Сирија, да воспостават односи со Турција и Израел, додека Вашингтон претрпел понижувачки пораз на Блискиот Исток.

 

Scroll to Top