Поместувањето на магнетниот пол од Канада кон Русија, ќе не загрози сите, предупредуваат научниците

By

Геолозите од целиот свет се загрижени поради брзото поместување на северниот магнетен пол од канадскиот Арктик кон Русија. Велат дека ваквата состојба може да го загрози животот на целата планета.

Научниците од Лабораторијата за геомагнетизам од Универзитетот во Ливерпул, откриле дека Јужноатланска аномалија во подрачјето меѓу Јужна Америка и Јужна Африка, каде магнетното поле значително слабее секаде на планетата.

Веројатно таквата состојба траела милиони години и затоа не укажувало ништо на знак на надоаѓање на пресврт на магнетните полови на планетата.

Во еден текст во научно списание, истражувачите проучувале вулкански карпи на островот Света Јелена, оддалечен остров од јужниот Атлантик, кој се наоѓа во центарот на геолошката аномалија. Островот е најпознат како место на кое е прогонет Наполеон Бонапатра во 1815 година, по битката кај Ватерло.

Геолошката аномалија е под Света Јелена трае милион години, предизвикувајќи нестабилно магнетно поле. Проучувајќи ги примероците од јадрото, земени од вулканските карпи на островот, научниците откриле дека овој регион на планетата има нестабилно магнетно поле милиони години.

Ова укажува на можен почеток на целосен магнетен пресврт. Откритието на истражувачите од Ливерпул се значајни, затоа што пресвртот на магнетните полови, кој најверојатно се случува на еколку стотина милениуми, во последните 20 милиони години и кои последен пат се случил пред 780.000 години, би можел да има големи последици по човековата цивилизација.

Ваквиот пресврт може да го ослабне природниот магнетен штит и да ги остави човечките електро елетроенергетски мрежи, чувствителни на соларните бури и другите вселенски појави. Да не говориме за штетноста по самите луѓе.

Прв пат оваа аномалија е откриена во 1958 година. Јужноатлантската аномалија долго време била гледана како потенцијално проблематично подрачје за инфраструктура која ја создава човекот и влијае и на сателитите и другата вселенска опрема кои се бомбардирани со силна доза на зрачење.

Тоа доведува до проблем и повремено оштетување на опремата. Таканаречената реверзибилна струја на границата на мантијата во Јужниот Атлантик, која доведува до неправилни надворешни магнетни полиња, е зголемена во последните два и пол века. Што ја предизвикува аномалијата?

Како што објаснуваат експертите, постојат две можни причини за јужноатланската аномалија.

„Во долната наметка под Африка постои место каде брановите се движат брзо низ Земјата, што значи дека постои необична топла област во најниската наметка. Ова веројатно предизвикува долгорочна интеракција со надворешниот слој на јадрото на таа специфична локација, што би можело да го објасни чудното објаснување на магнетното поле во Јужниот Атлантик“, напоменуваат истражувачите.

Но, постои и друг виновник, внатрешноста на Земјината кора.

„Се засилува цврстината на Земјината кора, но не насекаде и не со иста брзина. Постои можност да расте брзо од едната страна, што предизвикува проток внатре во надворешното јадро, кое досегнува до надворешните граници со карпеста наметка, веднаш под атланската хемисфера. Тоа можеби предизвикува долготрајно неправилно однесување на магнетното поле на Света Јелена“, објаснуваат научниците.

Откритието на научниците од Универзитетот Ливерпул, се добра вест за оние кои се плашат од скорешен пресврт на магнетните полови. Минатата година истражувачите од американската Национална управа за океани и атмосфера и Британски геолошки завод, ги ажурирале координатите од магнетниот северен пол година дена однапред, откако откриле дека тоа го напушта Канадскиот арктик и се движи кон Сибир со брзина од преку 55 километри годишно, што е пораст за помалку од 15 километри годишно.

Научниците се обидувале да ги смират стравовите, уверувајќи дека ваквото движење на половите нема да може да се случи наскоро и дека се потребни илјади години за овој процес се заврши.

 

Ќе ви се допадне

AnimeDao anime websites: Attack on Titan Season 3 (Dub) Episode 12

AniWatch dubbed anime: Watch My Hero Academia Episode 6