Поранешен пилот вели дека знае што се случило со исчезнатиот малезиски авион

Поранешниот пилот Рос Ејмер кој има повеќе од 50 години летачко искуство, верува дека има претстава што би можело да му се случи на малезискиот авион, кој исчезна пред повеќе од четири години во водите на Тихиот океан.

За авионот MH370 во изминатиот период кружеа безброј теории на заговор, за тоа што навистина му се случило. Ејмер верува дека капетанот свртил од курсот на лево во обид да го слета авионот на аеродром во Малезија.

Според Ејмер, авонот се запалил и пилотите морале наеднаш да реагираат да стигнат безбедн до аеродромот Пенанг.

„Додека летале, веројатно изгубиле свест или умреле, а авионот од некоја причина направил уште едно вртење на лево“, вели Ејмер.

Еден од најискусните пилоти во светот, смета дека удар или силна турбуленција, би можела да биде причината за пожарот во делот на авионот со литијумски батерии. Ваквиот пожар е невозможно да се изгаси, смта Ејмер.

Авионот MH370, со 239 патници во него, исчезнал од радарот на 8 март 2014 година, на пат од Куала Лумпур, до Пекинг.

Официјалната истрага на малезиската влада не успеала да утврди што точно се случило со авионот. Никогаш не е пронајдено местото на падот.

Индискиот океан е непрегледен и многу е тешко да се најдат деловите од исчезнатиот авион. Сепак, експерти сметаат дека критичното вртење на лево е направено рачно, пред леталото да исчезне без трага.

Scroll to Top