Поранешна шпионка на Путин рече дека ги поминала сите специјални секс-тренинзи на КГБ и дека од мажите можела да извлече секакви тајни

Поранешната шпионка на рускиот претседател Владимир Путин, Алија Роза, рече дека ги има поминато сите специјални секс-тренинзи на КГБ и дека од мажите може да извлече секакви тајни. Таа е родена во Советскиот Сојуз, а кога имала 19 години се запишала на воената академија.

Таму ја обучиле да биде шпион. Во деведесеттите години била испратена во мисија да ги таргетира наркобандите и трговците со луѓе, пред да биде прогонувана и да биде принудена да избега од земјата.

„Кога имав 18 години ме испратија на воената академија каде што ги учев сите специјални техники. На тој тренинг нè научија како да заведуваме, манипулираме, да ги убедуваме луѓето, како да пукаме од различно одужје, како да вежбаме боречки вештини и како да бидеме совршен војник на терен. Се запишав поради потеклото на моето семејство. Дедо ми беше национален херој од Втората светска војна и неговото име го има и на споменик во Сталинград. Тоа е големо наследство и голема работа за семејството. Таму студирав и учествував во неколку мисии за да ги заштитам луѓето и земјата од дрогата која беше увезувана од Авганистан, но и да ја стопирам трговијата со луѓе во Русија“, рече Роза за британски „Сан“.

Таа откри дека била избрана од малкуте жени кои ја поминале специјалната обука за тајни агенти. Таму учеле како максимално да го искористат својот добар изглед да ги заведуваат мажите и да ги извадат од нив сите потребни тајни.

„Во обуките имаше и како да имаме одреден сексуален чин. Мора да направите непријателот да се заљуби во вас за да ги извлечете потребните информации. Потребно е да направите да ви верува, а сексот беше многу важен дел од врската. Можеби најважен. 80% од луѓето му веруваат на партнерот ако сексот е добар“, рече Роза.

Нејзината главна и последна мисија била да се инфилтрира во моќна наркобанда и да го заведе главниот водач. Таа направила тој да се заљуби во неа. Кога ги извлекла потребните информации таа ја остварила целта. Но, кога неговите пријатели подоцна ја разоткриле дека е таен агент ја однеле во шума и ја претепале, оставајќи ѝ лузна над десното око.

Ја спасил нивниот водач кој бил заљубен во неа, но неколку месеци подоцна тоа го чинело живот. Тој ја предупредил дека мора да ја напушти Русија. Прво заминала за Турција, а подоцна во САД во Беверли Хилс каде што живее во луксузна вила од 20 милиони долари со нејзиното момче.

Роса сега верува дека откако го поминала секој тренинг во КГБ, знае како размислува и Путин.

„Кога сте специјален агент, прво мора да научите да живеете двоен живот и да бидете експерт во тоа. На пример, ако се претставувате како учител или лекар, морате да ги натерате луѓето да ви веруваат дека сте таа личност. Нè обучуваа и нè научија како да живееме два живота, како да изградиме наш бренд кој ќе биде толку силен што луѓето ќе ни веруваат 100%“, рече таа.

„Сте виделе толку многу фотографии од Путин како јава коњ, нурка на дното на океанот, пука од различни оружја и се однесува како суперхерој, како некаков Џејмс Бонд. Секој Русин сака да биде Џејмс Бонд, сака да носи соодветни скапи костуми и да пие мартини во друштво на убави девојки. Тоа е бренд во Русија. Така и Путин го градеше својот силен бренд неколку години пред да ги натера луѓето да го обожаваат. Тоа е исто така една од техниките на големите специјални агенти“; рече таа за „Сан“.

Иако нејзиното семејство и имот сè уште се во Русија, таа вели дека ЕУ и САД треба да се обединат и да го затворат небото над Украина и на тој начин да ја завршат војната.

„Според мене, ЕУ и САД треба да се обединат и да го затворат небото и треба да воведат ембарго на рускиот гас и бензин. Во моментов Русите се плашат да протестираат бидејќи знаат дека им се заканува затворска казна до 15 години. Многу Руси се против војната, но едноставно се плашат да  се спротивстават“, рече Роза.

 

Scroll to Top