Поранешниот пилот на ЦИА тврдел дека 5 до 10 вонземски цивилизации ја посетиле Земјата и дека биле непријателски расположени

Поранешен пилот на ЦИА, Џон Олсен Леар тврдел дека пет до десет вонземски цивилизации ја посетиле Земјата и дека биле непријателски расположени. Леар целиот свој живот го посветил на воздухопловните сили на САД, а работел и за Централната разузнавачка агенција ЦИА, пишува alien-ufo-sightings.

Починал на 29 март 2022 година, а неговата смрт предизвикала голем број разбранувања во светот на авијацијата и теориите на заговор. Тој беше на далеку познат по тврдењата за НЛО и Областа 51. Неговиот татко бил Бил Леар, изумителот на авионите Learjet.

Леар бил успешен пилот поставувајќи голем број светски рекорди со сите видови авиони. Тој се здобил и со сериозни повреди за време на летовите. Во Виетнам летал товарни авиони за ЦИА, а неговите контакти му овозможиле да лета и во воените бази во пустината Невада.

На 29 март 1989 година, Леар со неговите пријатели снимил видео од објектот познат како Областа 51, кој официјално во тоа време не постоел. Иронични, тој починал години подоцна на истиот датум во неговиот дом во Лас Вегас.

Неговите тврдења за Областа 51 и појавата на НЛО во тој регион, биле инспирација подоцна да се снимаат голем број на филмови и телевизиски емисии. Подоцна здравјето драстично му се влошило и повеќе не можел да лета, но продолжил да ги споделува приказните и заговорите за НЛО.

Зборувал и за инцидент што се случил во јули 1987 година, кога наводно, огромно НЛО го следело товарниот авион на Енкориџ, Алјаска. Сличен инцидент се случил и во 1975 година, кога НЛО лебдело над базите на Стратешката воздушна команда.

Истражувачкиот новинар и негов пријател Џорџ Кнап го прашал во неговото интервју On The Record, 30-минутно телевизиско шоу, за инцидентот кој се случил за време на карго летот во 1628 на авионот на компанијата Japan Air Lines.

Лир одговорил дека додека авионот ја минувал границата со САД и северниот дел на Енкориџ, бил пресретнат од НЛО, кое било двојно поголемо од него. Го следело речиси 40 минути.

„Без разлика на тоа што го имате слушнато, од ФАА го имаа на радарот, а го имаа и воздухопловните сили. Постои документ на 26 страници, кој го направи физичарот Брус Макаби, кој работеше во лабораторијата за оружје ‘Поморска површина’. Тој беше еден од најпочитуваните лица во уфологијата“, рече Лир.

Во интервјуто објасни дека во Лас Вегас постојат голем број воени бази и голем број извештаи за НЛО. Рече дека ваквите непознати објекти се спуштиле на секоја база од Стратегиската воздушна команда која го обезбедувала периметарот на северниот дел на САД.

Лебделе над просторот за складирање на нуклеарно оружје и таму останувале во период од два до три часа, речиси три дена.

„Проблемот не е во тоа што не посетуваат од пет до 10 различни цивилизации, туку во тоа што најмалку 90% од нив се непријателски настроени“, рече Лир во интервјуто.

„Кога велам непријателски мислам на тоа дека тие имаат сосема поинаков сет на морал од нашиот“, додаде тој.

Лир објасни дека со неговите излагања тој не сакал да стекне слава или да продаде книга, туку дека станува збор за интензивни истражувања кои ги направил во изминатиот период. Тој додаде дека Владата на САД успеала да заплени меѓу 10 до 15 летечки чинии, од кои три биле во совршена состојба. Со едната дури се обиделе и да летаат.

Лир тврди дека властите имаат заробено и 30 до 50 тела на вонземјани и дека им се складирани во посебни магацини. Станува збор за најмалку пет различни цивилизации, објаснил Лир. Тој додаде дека НЛО се урнало во 1953 година и дека истото ѝ помогнало на американската влада да изгради голем број слични на него со вонземска технологија.

Scroll to Top