Поранешниот украински фудбалски капитен бил руски шпион, тврди новинарот Костијантин Андријук

Поранешната фудбалска украинска ѕвезда и играч на Баерн Минхен, Анатолиј Тимошчук, бил руски шпион. Ова го вели украинскиот истражувачки новинар Костијантин Андријук кој дојде до документ кој наводно го потпишал Тимошчкук.

„Јас, Анатолиј Тимошчкук, се заколнувам на верност на Русија и се колнам дека ќе ги почитувм Уставот и законите. Се колнам на верност на ФСБ и дека ќе ги извршувам наредбите на моите претпоставени и ќе ги чувам тајните на државата. Подготвен сум да го дадам мојот живот за Русија“, наводно пишувало во документот.

42 годишниот Тимошчук сега се најде на удар и од неговите колеги, но и јавноста, затоа што не се огласи по повод овие обвинувања. Тој во моментов работи како помошник тренер во клубот Зент.

Украинската фудбалска федерација му го одзеде сите почести на Тимошчук, додека од клубот Зенит пак застанаа во негова одбрана.

За потсетување Тимошчук играше напаѓач, а кариерата ја почна во Волин Луцк. Играше и за Шахтјор Доњецк, Зенит, а и за германскиот тим Баерн Минхен. Потоа се врати во Зенит, а кариерата ја заврши во Каират.

За Украина има одиграно 144 натпревари и дадено четири гола. Тој се сметаше за еден од најголемите легенди на украинскиот фудбал.

 

Scroll to Top