Повеќе од 200.000 луѓе ќе одат во лов на вонземјани

Преку 200.000 луѓе, кои себеси се нарекуваат „ловци на вистината“ на 20 септември ќе тргнат во лов на вонземјани, пишуваат американските медиуми.

Тие ќе ги бараат вонземјаните во подрачјето на воздухопловната база „Едвардс“, во Областа 51, која во светот е позната како место каде што постојат докази дека има живот и надвор од Земјата. Иако базата „Едвардс“ е постојано под силно обезбедување, тие, велат, ќе се обидат да дојдат до вистината за вонземјаните.

За масовност на настанот, организаторите преку „Фејсбук“ ги повикаа сите Американци да им се приклучат во потрагаата по вонземјани. Настанот е оганизиран под името „Област 51, не можат сите да не сопрат“.

„Ќе се сретнеме во Област 51 и ќе го координираме нашето влегување“, стои во нивното соопштение.

Тајната американска воздушна база позната како „Област 51“ се наоѓа среде пустина во државата Невада. Таа со децении наназад е омиленото место на теоретичарите на заговор и на ловците на вонземјани. Тие веруваат дека уште во педесеттите години на минатиот век таму е виден НЛО и дека американската војска поседува докази за тоа – остатоци од вонземјански авиони и тела на вонземјани кои се проучуваат во базата.

Владата на САД во 2013 година призна дека таа воена база има врски со разузнавачки деојности и се верува дека тука се развива шпионската технологија на ЦИА.

 

Scroll to Top