Поранешниот полицаец на Минеаполис Дерек Шовен, кој е обвинет за убиство на Афроамериканецот Џорџ Флојд, за време на бруталното апсење на 25. мај, би можел да добиде повеќе од милион долари вредна пензија, дури и ако биде осуден за убство, пишува „Си-Ен-Ен“.
Шовен е на мета на јавноста уште од минатиот месец, кога се појави снимката на која тој клчеи на вратот на Џорџ Флојд речиси девет минути, додека тој го молел да престане.
Шоевн набрзо потоа бил отпуштен од своето одделение во кое работел уште од 2001 година, а за време на протестите во САД, тој е обвинет за убиство од втор степен. Во злосторот вмешани се уште тројца полицајци кои исто така се отпуштени и се соочуваат со обвиненија.
Но, Шовен и понатаму може да ја добие пензијата, која делумно е заснована на уплатите на даночните обврзници. Иако низ американските држави законот овозможува одземање на пензиите на оние кои се осудени за кривични дела, поврзани за нивната работа, тоа не важи за Минесота.
Од Здружението за пензионирање на јавни службеници во Минесота, потврдиле за „Си-Ен-Ен“, дека Шовен може да поднесе барање за својата пензија во 50 година.
За пресметка на исплатата на пензијата се користат низа фактори, а во случајот со Шовен, тој веројатно би можел да добие по 50.000 долари годишно, па и повеќе, ако исплатата почне на 55 години од неговиот живот.
За време на 30 годишниот период, оваа сума би можела да стигне и до 1,5 милиони долари, па и повеќе, не вклучувајќи ги тука порастот на трошоците за живот. Оваа сума би можела да биде и уште поголема, ако се собере и значителната количина на прекувремена работа, пренесува „Си-Ен-Ен“.