Пред да се самоубие актерот Џејсон Дејвид Франк се расправал со сопругата, барале одвоени соби во хотелот каде што се обесил

By

Актерот Џејсон Дејвид Френк, познат како моќниот ренџер Томи, во популарната серија во деведесеттите, се скарал со жена му непосредно пред да се самоубие во неделата, на 19 ноември. Како што пренесува „ТМЗ“, имал брачни проблеми месеци претходно, а со сопругата Теми барале и одвоени соби во хотелот каде што се обесил.

dobivaj vesti na viber

Двајцата имале голема расправа во петокот и саботата, па морала да реагира и полицијата. Двајцата отседнале во хотел, а по расправата настанал немир во хотелот, па морало да реагира обезбедувањето. Причината за кавгата наводно била аферата на Џејсон со друга жена.

Американските медиуми сега пренесоа дека двајцата биле сè уште заедно пред актерот да дигне раце од себе. По кавгата во петокот вечерта, во саботата утрото повторно се слушнала галама, по што Френк ја исфрлил Теми од неговата соба. Таа повикала полиција. Прво не можела да ги добие, а кога стигнале го нашле обесен во бањата.

Џејсон зад себе остави четири деца, а неговиот претставник за медиумите рече многу ги сакал и семејството, пријателите и фановите.

„Навистина ќе им недостига“, рече тој.

За потсетување, актерот од 1993 до 1996 година го играше Томи Оливер, Зелениот, а потоа и Белиот Ренџер во популарната серија „Моќните ренџери“. За неговата улога биле предвидени само 14 епизоди, но откако се покажаа успешни и популарни, продукцијата го врати како Бел ренџер и нов водач на тимот.

 

Ќе ви се допадне