Претседателот на Нигерија негира дека бил заменет од клон

Претседателот на Нигерија, Мухамед Бухари, ги негирал тврдењата дека починал и дека е заменет од страна на клон, пренесува „Си-Ен-Ен“. Тој ваквите шпекулации ги нарекол „игнорантски гласини“.

За време на посетата на Полска, Бухари на социјалните мрежи напишал дека ваквите шпекулации не се никакво изненадување и дека истото сценарио се повторило и минатата година кога бил на медицински третман во Британија и дека во тој период голем број на луѓе се надевале дека починал.

Бухари добар дел од 2017 година ја минал во Лондон, каде бил подложен на медицински третман. Во еден период тој бил надвор од земјата дури три месеци.

„Можам да ве уверам дека ова сум вистинскиот јас. За кратко време ќе го прославам мојот 76 роденден. И сеуште сум силен“, изјавил Бухари.
Scroll to Top