Принцезата Дајана била бремена за време на трагичната несреќа

И по 20 години од смртта на принцезата Дајана, заговорниците и понатаму шират разни теории за трагичната смрт на принцезата Дајана. Една од нив вели дека во моментите на трагичната несреќа во Париз, Дајана била трудна.

Теоретичарите на заговор сметаат дека таа чекала бебе со египетскиот милионер Доди Ал Фајед, со кого во тој период била во врска. Ваквите наводи се засноваат на интервју кое таа го дала неколку недели пред нејзината смрт.

Кога Дајана и Доди загинале во сообраќајна несреќа, таткото на Фајед, Мохамед Ал-Фајед, јавно говорел дека неговиот син и принцезата чекале бебе и дека планирале веридба.

Според заговорниците, кралското семејство и тајните британски служби биле вмешани во нејзиното убиство. Заговорниците сметаат дека кралското семејство не го одобрувало нејзиниот брак со Фајед.

Сепак, форонзичарите и паталогот Анџела Галоп, кој го прегледал телото на покојната принцеза, вели дека се направени тестови за нејзината бременост, кои на крајот испаднале негативни.

Scroll to Top