Принцезата Дајана повеќе сакала да го види Хари на тронот место Вилијам

Еден од познавачите на кралското бритнаско семејство, поранешниот кралски батлер Пол Барел, тврди дека принцезата Дајана повеќе сакала да го види Хари на британскиот престол, место нејзиниот постар син Вилијам.

Тој вели дека Хари израснал во сенка на својот постар брак, додека принцот Вилијам бил воспитуван како иден крал на Британија. Додека младиот Вилијам добивал повластен третман од некои членови на кралското семејство, неговата мајка, принцезата Дајана, барала ист третман и за нејзиниот помлад син, принцот Хари.

Во последно време кралското семејство го мачат разни гласини за конфликтот меѓу браќата, особено откако Хари се ожени за поранешната американска актерка Меган Маркл.

Хари кој претходно бил многу близок со својот брат принцот Вилијам, сега нивното пријателство значително се оладило. Особено во последните година дена.

Пред смртта, принцезата Дајана изјавила дека своите две деца ги третира подеднакво и покрај неизбежната хиреархија која владеела во палатата. Говореќи во документарецот, Барел тврди дека Дајана никогаш не ги третирала синовите различно.

„Тие секогаш беа исти, секогаш беа нејзините момци. Хари отсекогаш знаел дека на неговиот брат му било судено да биде крал“, вели Барел.

Според Барел, расправијата меѓу браќата резултирала со тоа што Хари му сугерирал дека тој ќе го превземе престолот, ако Вилијам не може, идеја која нивната мајка Дајана силно ја поддржувала.

„Всушност, еден ден додека браќата се расправале, Вилијам во еден момент силно удри со нозете и викаше дека не сака да биде крал“, раскажал Барел.

„Ако ти не сакаш, јас ќе бидам место тебе“, гласел одговорот на Хари.

Принцезата Дајана мислела дека е забавна идејата Хари да биде идниот крал на Британија. Таа на Хари му кажала дека тоа е одлична идеја.

„Ти би можел да бидеш одличен крал“, му кажала Дајана на својот син Хари.

Кралскиот дописник и автор Роберт Џонсон, во истиот документарец сугерирал дека Дајана била толку загреана за Хари да стане идниот крал, што дури имала и посебен надимак за својот син.

„Таа Хари го нарекувала со кратенката GKH Good king Harry, „Добриот крал Хари“. Дајана мислела дека тој во иднина ќе биде многу повеќе подготвен за улогата на крал, од својот постар брат Вилијам.

Неодамнешната анкета во британските медиуми направена за тоа кој би бил подобар крал на Британија, Хари или Вилијам, резултирала со повеќе гласови за Вилијам. Постариот принц добил повеќе гласови и од неговиот татко, принцот Чарлс, кој сепак по смртта на кралицата Елизабета, е човекот кој ќе застане пред Хари на тронот.

Принцот Вилијам, војводата од Кембриџ, на првото место освоил 63% од гласовите. Чарлс освоил 18% од гласовите, а принцот Хари на третото место освоил само осум проценти од гласовите на британскиот народ.

 

Scroll to Top