Принцот Ендру се спогоди со Вирџинија Џуфре, жената што го обвини дека сексуално ја вознемирувал кога била малолетна

Принцот Ендру се спогоди со Вирџинија Џуфре, жената која го обвини дека сексуално ја злоставувал кога таа била малолетна.

dobivaj vesti na viber

Двајцата постигнаа вонсудска спогодба, која засега не е објавена, но американските медиуми шпекулираат дека принцот планира да ѝ даде значителна донација на нејзината добротворна организација, која се занимава со поддршка за жените кои доживеале слична судбина.

Во судските документи е наведено дека Ендру немал намера да ја оцрни Џуфре во јавноста и дека го прифаќа фактот дека таа патела и била жртва на злоставување како и жртва на непотребен напад на јавноста. Ендру жали за својата поврзаност со Џефри Епстајн, кој беше осуден за злоставување на млади девојки.

За потсетување, судот на средината на јануари ја одби неговата жалба, па против него остана тужбата за сексуално злоставување на малолетничка. Вирџинија го тужеше дека ја нападнал кога таа имала само 17 години. Навела дека покојниот Епстајн ја присилувал да има секс со неговите пријатели, меѓу кои бил и Ендру.

Таа тврди дека Ендру ја злоставувал во домот на Епстајн на Менхетен и на неговиот приватен остров на американските Девствени Острови, пренесе „Си-Ен-Ен“.

 

Scroll to Top