Принцот Салман ја сокрил најскапата слика на светот на својата јахта

Најскапата слика на светот „Салватор Мунди“ се наоѓа на јахтата на принцот на Саудиска Арабија Мухамед Бин Салман, пишуваат светските медиуми.

Ремек-делото на Леонардо да Винчи во 2017 година кое беше продадено за 450 милиони долари, во меѓувреме му се изгуби секаква трага, а сега медиумите пишуваат дека принцот ја сокрил на својата скапоцена јахта со која крстари по Црвеното Море.

Арапскиот принц ја купил сликата на аукција, но од аукциската куќа „Кристи“ досега ја немале потврдено оваа информација. Од центарот за меѓународна комуникација на саудската влада исто така останале без коментар.  Во јавноста пред две години се појавија и приказни дека станува збор за копија.

Јахтата „Серен“ на принцот Мухамед Бин Салман во моментов се наоѓа недалеку од египетското летувалиште Шарм-ел-Шејк. Многу експерти велат дека морето не е најдобро место за слики со волкава вредност, но исто така велат дека не е невообичаено милијардерите да ги украсуваат своите јахти со драгоцености од ваков вид.

Scroll to Top