Професор од Лос Анџелес тврди дека животот настанал веднаш по формирањето на Земјата

Професорот Марк Харисон од Универзитетот во Лос Анџелес, Калифорнија, вели дека погрешно е мислењето кое науката го има во овој момент, за почетокот на животот кој настанал на планетата Земја.

Харисон кој е професор по геохемија, во најновото истражување објавено во Националната академија на науки,  вели дека животот на Земјата е постар за 300.000 милиони години, од она што науката го има пресметано.

Харисон имплицирал дека жвотот настанал многу брзо по формирањето на Земјата.

„Мораме да размислуваме поинаку за почетоците и настанувањето на животот на Земјата“, изјавил Марк Харисон, кој е коавтор на објавената статија.

Харисон смета дека животот настанал пред 3,9 милијарди години по ударот на небесно тело на Земјата и Марс.

„Ако животот бил уништен од удар од небесно тело, тогаш истиот сигурно започнал набрзо потоа“, смета Харисон.

Досега се верувало дека Земјата на почетокот била жешка, а подоцна и сува маса. Но, според најновите откритија пронајдени на Марс, ваквото тврдење се покажува како неточно, смета Харисон.

„Земјата не била жешка како што сите мислиме. Не била ниту сува, за тоа не можеме да видиме апсолутно никакви докази“, изјавил Харисон.

„Планетата веројатно многу наликувала на онаа каква што ја знаеме денеска“, изјавил Харисон.

Харисон додавал дека неговото истражување укажува и на тоа дека животот каков што го знаеме во вселената може да биде многу побогат од овој на Земјата.

Професорот објаснува дека ако животот на Земјата можел да се создаде брзо и едноставно, тогаш само може да претпоставиме што се сè крие во длабочините на вселената.

Scroll to Top