Пронајден е мртов новинарот што ја разоткри аферата на Бил Клинтон

Телевизискиот новинар Кристофер Сајн (45), кој прв извести за тајната средба меѓу поранешниот американски претседател Бил Клинтон и тогашната јавна обвинителка Лорета Линч, што се одржа во неговиот приватен авион во 2016 година, е пронајден мртов, пишува „Дејли мејл“. Неговата смрт се смета за самоубиство.

Полицијата во Хувер, Алабама, соопшти дека добиле повик од непознато лице и кога пристигнале во домот на Сајн, го пронашле неговото безживотно тело.

Сајн, кој беше поранешен фудбалер на Универзитетот во Алабама и ветеран во новинарството, во 2016 година откри дека Бил Клинтон тајно се сретнал со обвинителката Линч во својот приватен авион на аеродромот во Феникс за да разговара за истрагата против поранешниот државен секретар на САД. Оваа средба Клинтон и Линч подоцна ја прикажаа како пријателска бидејќи тврдеа дека и приватно се дружеле.

Веста за наводното самоубиство на Сајн го привлече вниманието на медиумите бидејќи во САД се пишуваше дека Клинтонови имаа остри реакции кон него откако тој ја разоткри оваа афера.

Scroll to Top